Proverbs (12/31)  

1. Кој ја сака поуката, го сака и знаењето; а кој го мрази изобличувањето - неразумен е.
2. Добриот добива благодат од Господа, а на подмолниот Он ке му суди.
3. Човек нема да се зацврсти со беззаконие; а коренот на праведните е неподвижен.
4. Добродетелна жена е венец за мажот свој, а онаа, што го срамоти, е како гнилеж во коските негови.
5. Помислете на праведните се правда, а плановите на нечестивите - подмолност.
6. Зборовите на нечестивите се заседа за пролевање крв, а устата на праведните ги спасува.
7. Каде и да се свртат нечестивите - исчезнуваат, а домот на праведните останува.
8. Човекот го фалат според разумот негов, а развратниот по срце ке биде презрен.
9. Подобро и прост, но да работиш за себеси, отколку да се фалиш, а да немаш леб.
10. Праведникот се грижи и за животот на добитокот свој, а срцето на грешникот е жестоко.
11. Кој ја обработува земјата своја ке се наситува со леб; а кој оди по стапките на безработниците, е малоумен. Кому му е драго да губи време по вино, тој ке остави во куката своја безчестие.
12. Желбите на грешниците се зли; но корењата на праведниците се силни.
13. Нечесниот се фака во мрежа преку гревовите на устата своја; но праведниот ке се спаси од неа. Кој гледа кротко, ке биде помилуван, а кој оди кон вратата, стеснува други.
14. Од плодот на устата своја човекот се наситува добро, и на човека му се дава според делата на рацете негови.
15. Патот на неразумниот му се чини прав во неговите очи; но кој слуша совет, тој е мудар.
16. Глупавиот веднаш ке го покаже гревот свој, а благоразумниот го покрива срамот.
17. Кој го кажува она, што го знае, тој говори правда, а лажниот сведок, говори измама.
18. Празнословецот ранува како меч, а јазикот на мудрите исцелува.
19. Праведната уста сведочи право, а лажливиот јазик е брз за измама.
20. Во срцето на оние што мислат зло, има подмолност, а кај миротворците - радост.
21. Праведниот нема да го достаса никакво зло, а нечесните ке бидат преполни со зло.
22. Лажливата уста е одвратност пред Господа, а којшто говори вистина, благоугоден Му е Нему.
23. Расудлив човек го прикрива знаењето свое, а срцето на глупавите ја разгласува својата лудост.
24. Раката на избраните ке господари, а на лажливите ке биде во плен.
25. Тагата во срцето го притиска човекот, а добриот збор го развеселува.
26. Праведниот му го покажува патот на ближниот свој, а патот на нечесните ги води во заблуда.
27. Мрзливиот својот лов не го пече; а трудољубивоста е големо богатство.
28. По патот на правдата има живот, а во нејзината патека нема смрт.

  Proverbs (12/31)