Proverbs (1/31)  

1. Изреки Соломонови, син Давидов, цар израилски,
2. за да се познае мудроста и поуката, за да се разберат изреките на разумот;
3. за да се усвојат правилата на благоразумието, правосудието, судот и правината;
4. да им се даде на простите разумност, на младите - знаење и расудување.
5. Ако мудриот слуша, ке ги умножи знаењата свои, и разумниот ке најде мудри совети,
6. за да разбира мудра изрека и длабок збор, зборовите на мудреците и нивните гатанки.
7. Почеток на мудроста е стравот Господов; добро разбираат сите, што се раководат од него; а послушноста кон Бога е почеток на разбирањето; само глупавите ги презираат мурдоста и поуката.
8. Слушај ја, синко, поуката на татка си и не отфрлај заветот на мајка си.
9. зашто тоа е красен венец за главата твоја и украс за вратот твој.
10. Синко, ако те мамат грешници, не попуштај;
11. ако кажат: "Дојди со нас, да направиме заседа за убиство, да го пречекаме непорочниот без вина,
12. жив да го голтнеме, како што голта пеколот, и цел како оној што слегува во гроб;
13. да си натрупаме секаков скапоцен имот, да ги наполниме куките наши со плен;
14. ти ке фрлаш жреб заедно со нас, една торба ке има за сите нас."
15. Синко, не оди на пат со нив, задржи си ја ногата од патеките нивни,
16. зашто нозете нивни трчаат кон злото и брзаат крв да пролеваат;
17. напразно се распнува мрежа пред птици.
18. Но тие прават заседа против крвта своја, демнат против душите свои.
19. Такви се патиштата на секого, кој е алчен на ту имот: тоа му го одзема животот на оној, што го заграбил.
20. Премудроста говори високо на улицата, го крева гласот свој по плоштадите,
21. проповедта во главните места на собирите, при влезовите на градските порти смело говори:
22. "До кога, незналци, ке го сакате незнаењето? До кога бујните ке се насладуваат со бујноста? До кога глупавите ке го мразат знаењето?
23. Обрнете се кон Моите изобличувања; еве, Јас Го ке излеам Духот Свој врз вас, ке ви ги кажам зборовите Свои.
24. Јас викав, а вие не послушавте; изговарав зборови, но вие не внимававте;
25. вие ги отфрливте Моите совети, но внимававте кога ве изобличував.
26. Затоа ке се насмеам на вашата погибел; ке се зарадувам на вашата погубност,
27. кога ке ве нападне ужас како бура, и зло како виор ке мине над вас, кога ке ве снајде невоља и уривање на градовите и кога ке дојде пропаста.
28. Тогаш ке Ме викаат, но Јас нема да чујам; ке Ме бараат лошите и нема да Ме најдат.
29. Затоа што го намразија знаењето и не го примија стравот Господов;
30. затоа што не го примија Мојот совет и ги презреа Моите разобличувања.
31. Поради тоа тие ке јадат од плодовите на своите патишта и ке се наситуваат од своите лоши замисли.
32. Зашто неразумните ке ги убие нивната упорност, а глупавите ке ги погуби нивната негрижа;
33. но кој Мене Ме слуша, ке дживее безопасно и спокојно, не плашејки се од злото.

      Proverbs (1/31)