Numbers (8/36)  

1. И му рече Господ на Мојеја, велејки:
2. "Јави му на Арона и кажи му: кога ги палиш кандилцата, отспреди на светилникот треба да горат седум канцилца."
3. Арон така и направи: отспреди на светилникот ги запали кандилцата негови, како што му заповеда Господ на Мојсеја.
4. И еве како е направен светилникот: излеан е од злато - од стеблото негово до цветовите негови; тој го направи светилникот според образецот, што Господ му го беше покажал на Мојсеја.
5. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
6. "Земи ги левитите ме у синовите Израилеви и очисти ги.
7. А за да ги очистиш, постапи со нив вака: пороси ги со вода за очистување, и нека го избричат со брич целото тело свое и да ги исперат алиштата свои, па ке бидат чисти.
8. И да земат едно теле од воловите и заедно со него и жртва принос од пченично брашно, измешано со елеј, и друго теле нека земат - жртва за грев.
9. И доведи ги левитите пред скинијата на сведоштвото и собери го целото општество на синовите Израилеви;
10. доведи ги левитите пред Господа, а синовите Израилеви нека ги стават рацете свои врз левитите.
11. Арон, пак, да ги изврши над левитите посветувањето нивно пред Господа од страна на синовите Израилеви за да Му служат на Господа;
12. а левитите да ги ставаат рацете свои врз главите на телињата, и едното да го принесе како жртва за грев, а другото за сепаленица на Господа, за да се смили над нив Господ.
13. Потоа постави ги левитите пред Арона и пред синовите негови и тие да го извршат над нив посветувањето нивно во Господа;
14. така оддели ги левитите од синовите Израилеви, па левитите да бидат Мои.
15. Потоа левитите, откако ке ги очистиш и ке го извршиш над нив посветувањето нивно, да влезат да служат во скинијата на сведоштвото; зашто тие Ми се дадени ме у синовите Израилвеи;
16. бидејки место сите првородени од синовите Израилеви, кои отвораат секоја утроба, Јас ги зедов за Себе.
17. Зашто Мои се сите првородени ме у синовите Израилеви, од човек до добиток: во оној ден, кога Јас ги празив сите првородени во Египетската земја, Јас ги осветив за Себе,
18. и ги зедов левитите место сите првородени ме у синовите Израилеви.
19. Ме у синовите Израилеви левитите му ги предадов на Арон а на синовите негови, за да служат место синовите Израилеви при скинијата на сведоштвото и да внимаваат на синовите Израилеви да не им се случи зло, ако се доближат до светилиштето."
20. Така и постапија со левитите Мојсеј и Арон и целото општество на синовите Израилеви; како што му заповеда Господ на Мојеја за левитите, така и постапија со нив синовите Израилеви.
21. И левитите откако се очистија и ги испраа облеките свои, Арон изврши над нив посветување пред Господа и ги очисти, и се помоли за нив за да бидат чисти.
22. Потоа левитите влегоа да служат во скинијата на сведоштвото пред Арона и пред синовите негови. Како што му заповеда Господ на Мојсеја за левитите, така и направи со левитите.
23. Господ му рече на Мојсеја:
24. "И ова се однесува за левитите: левитите, од дваесет и пет години нагоре, нека преземаат по ред служба во Шаторот на средбата.
25. А на педесет години нека истапат од службат и веке нека не служат.
26. Но можат да им помагаат на своите брака во исполнување на нивните должности во Шаторот на средбата, но самите не треба да ја исполнуваат службата.

  Numbers (8/36)