Numbers (7/36)  

1. Во оној ден кога Мојсеј ја изгради скинијата и ја помаза, кога ја освети неа и сите нејзини сосуди, и жртвеникот и сите негови сосуди, и ги помаза и ги освети, -
2. тогаш доведоа при него дванаесет началници Израилви, глави на домовите нивни, старешини на племињата што го надгледуваа пребројувањето,
3. и донесоа принос свој пред Господа - шест покриени коли и дванаесет волови, по една кола од двајца началници и по едно теле од секого, и го донесоа тоа пред скинијата.
4. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
5. "Земи го тоа од нив; тоа ке послужи за извршување на службите во скинијата на сведоштвото; и дај им го тоа на левитите, секому според службата негова!"
6. И ги зеде Мојсеј колите и воловите и им ги предаде на левититие:
7. две коли и четири вола им даде на Гирсоновите синови, според службата нивна;
8. и четири коли и осум волови им даде на Мерариевите синови, според службата нивна, под надзор на Итамара, синот на свештеникот Арон;
9. а на Каатовите синови не им даде, зашто нивната работа беше да го носат светилиштето: на рамо треба да го носат.
10. И донесоа началниците жртви за осветување на жртвеникот во оној ден кога го помазаа, а принесоа началниците и дарови свои пред жртвеникот.
11. Па му рече Господ на Мојсеја: "На ден по еден началник да донесува свој принос за обновување на жртвеникот."
12. Во првиот ден го донесе својот дар Наасон, Аминадавовиот син, од племето на Јуда;
13. дарот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша, тешка седумдесет сикли, според свештената сикла, обете полни со пченично брашно, смешано со елеј за жртва;
14. една златна кадилница, тешка десет сикли, полна со темјан;
15. едно теле, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица;
16. еден козел од козите - жртва за грев;
17. и жртва за спасение, две јуниња, пет овни, пет козли, пет јагниња. Тоа беше дар од Наасона, Аминадавовиот син.
18. Во вториот ден дар свој донесе Натанаил, Согаровиот син, началник на племето Исахарово;
19. тој донесе свој принос: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша - седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, измешано со елеј за жртва;
20. една златна касилница - десет сикли, полна со темјан,
21. едно теле, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица,
22. е еден козел како жртва за грев,
23. и жртва за спасение - два јунца, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа беше дарот од Натанаила, Согаровиот син.
24. Во третиот ден донесе началникот на синовите Завулонови Елиав, Хелоновиот син;
25. дарот му беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша - седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, извешано со елеј за жртва;
26. една златна кадилница - десет сикли, полна со темјан,
27. едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица,
28. еден козел - жртва за грев,
29. и жртва за спасение две јуници, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа беше дар од Елиав, Хелоновиот син.
30. Во четвртиот ден донесе началникот на Рувимовите синови Елисур, Седиуровиот син;
31. дарот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаше - седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно со елеј за жртва;
32. една златна кадилница - десет сикли, полна со темјан,
33. едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица,
34. еден козел - жртва за грев,
35. и жртва за спасение две јуници, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Елисур, Седиуровиот син.
36. Во петтиот ден донесе началникот на Симеоновите синови Саламиил, Сурисадаевиот син;
37. приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша - седумдесет сикли, според свештената сикла, обете полни со пченично брашно, и измешано со елеј за жртва;
38. една златна кадилница - десет сикли, полна со кадиво,
39. едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица,
40. еден козел - жртва за грев,
41. и жртва за спасение - две јуници, пет овни, пет колзли и пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Саламиил, Сурисадаевиот син.
42. Во шестиот ден донесе началникот на Гадовите синови Елисаф, Рагуиловиот син;
43. проносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша - седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, измешано со елеј за жртва;
44. една златна кадилница - десет сикли, полна со кадиво,
45. еден козел, едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица,
46. еден козел жртва за грев,
47. и жртва за спасение - две јуници, пет овни, пет козли и пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Елисаф, Рагуиловиот син.
48. Во седмиот ден донесе началникот на Ефремовите синови Елисам, Емиудовиот син;
49. проносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша - седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, измешано со елеј за жртва;
50. една златна кадилница - десет сикли, полна со темјан,
51. едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица,
52. еден козел - жртва за грев,
53. и жртва за спасение - две јуници, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Елисам, Емиудовиот син.
54. Во осмиот ден донесе началникот на Манасиевите синови Гамалиил, Фадасуровиот син;
55. приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша - седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, измешано со елеј за жртва;
56. една златна кадилница - десет сикли, полна со темјан,
57. едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица,
58. еден козел - жртва за грев,
59. и жртва за спасение, две јуници, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Гамалиил, Фадасуровиот син.
60. Во деветтиот ден донесе началникот на Венијаминовите синови Авидан, Гидеониевиот син;
61. приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша - седумдесет сикли, според севштената сикла, полни со пченично брашно измешано со елеј за жртва;
62. една златна кадилница - десет сикли, полна со темјан,
63. едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица,
64. еден козел - жртва за грев,
65. е жртва за спасение - две јуници, пет овни, пет козли, пет едногодишно јагниња. Тоа е дар од Авидана, Гидеониевиот син.
66. Во десеттиот ден донесе началникот на Дановите синови Ахиезер, Амисадаевиот син;
67. приносот негов беше една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша - седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, измешано со елеј за жртва;
68. една златна кадилница - десет сикли, полна со темјан,
69. едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица,
70. еден козел - жртва за грев,
71. е жртва за спасение - две јуници, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот на Ахиезер, Амисадаевиот син.
72. Во единаесеттиот ден донесе началникот на Асировите синови Фагаил, Ехрановиот син;
73. приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша - седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, измешано со елеј за жртва;
74. една златна кадилница - десет сикли, полна со темјан,
75. едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица,
76. еден козел - жртва за грев,
77. и жртва за спасение - две јуници, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Фагаил, Ехрановиот син.
78. Во дванаесеттиот ден донесе началникот на Нефралимовите синови Ахиреј, Енановиот син;
79. приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша - седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, измешано со елеј за жртва.
80. една златна кадилница - десет сикли, полна со темјан,
81. едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица,
82. еден козел, жртва за грев,
83. и жртва за спасение - две јуници, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Ахиреја, Енановиот син.
84. Тоа беа даровите од началниците Израилеви при обновувањето на жртвеникот во денот на помазувањето негово: дванаесет сребрени чинии, дванаесет сребрени чаши, дванаесет златни кадилници.
85. Во секоја чинија имаше по сто и триесет сикли сребро и во секоја чаша по седумдесет; и така, сребро во тие садови се‘ на се‘ - две иљади и четиристотини сикли, според свештената сикла;
86. а дванаесетте златни кадилници полни со темјан, секоја имаше по десет сикли, според свештената сикла: злато во кадилниците се‘ на се‘ - сто и дваесет сикли.
87. За сепаленици имаше вкупно: дванаесет телиња крупен добиток, дванаесет овни, дванаесет едногодишни јагниња, и жртвите со нив и прелив за нив, како и жртвите за грев дванаесет козли;
88. а за спасение жртви имаше се‘ на се‘: дваесет и четири телиња крупен добиток, шеесет овни, шеесет едногодишни козли, шеесет едногодишни јагниња без недостаток; тоа беа даровите при осветувањето на жртвеникот откако беше помазан.
89. Кога Мојсеј влегуваше во скинијата на сведоштвото да зборува со Господа, слушаше глас, кој му говореше од поклопецот, што е над ковчегот на откровението ме у двата херувима; и му говореше.

  Numbers (7/36)