Numbers (4/36)  

1. Му рече Господ на Мојсеја и Арона, велејки:
2. "Пребројте ги Каатовите синови ме у синовите Левиеви според родовите нивни, според домовите нивни,
3. од дваесет и пет години нагоре до педесет години, за да бидат на служба, вршејки ги сите работи во скинијата на сведоштвото.
4. А ова е службата на Каатовите синови, левитите, според родовите нивни, според домовите нивни во скинијата на сведоштвото: да ја носат Свјатаја Свјатих.
5. Кога ке треба да се крене на пат, Арон и синовите негови да влезат и да ја симнат покривната завеса и да го покријат со неа ковчегот на сведоштвото
6. ии да го покријат со покровот од сини кожи, и над неа да ја стават покривката цела од синкава волна, и да го постават носилата.
7. И трпезата за лебот на предложението да ја покријат со платно од синкава волна и да ги наредат одозгора чиниите, и кадилниците, и чашите, и канчињата за пресипување, а на неа секогаш да има лебови;
8. да стават врз нив црвена покривка, да ја покријат со покривало од сина кожа и да ја постават на носилата.
9. Да земат исто така покривка сина, и да го покријат свекникот за осветлување, и свеките негови, и чистилките негови, и сите садови за елеј, со кои се служат,
10. да го обвијат, и сите негови сосуди да ги покријат со покривка од сини кожи и да го стават на носила.
11. А на златниот жртвеник да стават покривка од синкава волна, да го покријат со покривка од сини кожи, и да го постават на носилки.
12. Да ги земат сите сосуди за служење, со кои служат во светилиштето, да го обвијат во синкава волнена обвивка, да ги покријат со покривка од сини кожи, и да ги постават на носилки.
13. А покривка да стават и на жрвеникот и да го обвијат со пурпурно платно;
14. да ги стават одозгора сите сосуди негови, со кои се служат во нив - кадилата, виљушките, лопатките и чашите, сите сосуди на жртвенииот - да го покријат со покривка од сини кожи и да го постават на носилка. И да земат пурпурно платно, да го покријат умивалникот и подножјата негови, да го обвијат во сина кожена покривка, и да го стават на носилка."
15. И направија така, Арон и синовите негови, покривајки го целото светилиште и сите сосуди на светилиштето, па кога ке се крева населбата, тогаш Каатовите синови да влезат и да носат; но тие не смеат да се допираат до светите работи, за да не умрат. Тие работи од скинијата на сведоштвото да ги носат Каатовите синови.
16. Надsирател ке биде Елеазар, синот на свештеникот Арон, нему му се доверува елејот за светилникот, благомиризливото кадило, постојаниот лебен принос и елејот за помазание, - му се доверува целата скинија и се‘, што е во неа, светилиштето и она што му припа а нему.
17. И му рече Господ на Мојсеја и Арона, велејки:
18. "Не го погубувајте родот на Каатовците ме у левитите,
19. туку еве што ке направите за нив, за да бидат живи и да не умираат, кога пристапуваат кон Свјатаја Свјатих: Арон и синовите негови нека дојдат и нека му определат на секого од нив кој што ке носи:
20. но тие не смеат да се доближуваат и ненадејно да ја видат Свјатаја, за да не умрат."
21. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
22. "Преброј ги и Гирсоновите синови според домовите нивни, според родовите нивни,
23. од дваесет и пет години нагоре до педесет години, пребројте ги сите подобни за служба и за работа во скинијата на сведоштвото.
24. Еве ја работата на Гирсоновиот род, кога ке служат и ке се движат:
25. да ги носат оградите на скинијата, и скинијата на сведоштвото, покривката нејзина, и покривот од сини кожи, што е на неа, оградата на вратата од скинијата на сведоштвото,
26. оградата на тремот, завесите од влезот во тремот, што е околу скинијата и жртвеникот, и се‘ што им припа а ним; и сите сосуди за служење што извршуваат служба.
27. Сите служби на Гирсоновите синови, кога носат товари и кога вршат работа, треба да се извршуваат по заповед на Арона и на синовите негови; секому да му се каже посебно што кој ке носи.
28. Тоа се службите на родовите на Гирсоновите синови во скинијата на сведоштвото и тоа е, што да пазат под надзор на Итамара, синот на свештеникот Арон.
29. Преброј ги Мерариевите синови според родовите нивни, според домовите нивни;
30. од дваесет и пет години нагоре до педесет години, преброј ги сите способни за служба, за да работат во скинијата на сведоштвото.
31. Еве што треба да носат тие според службата своја во скинијата на сведоштвото: оградите од скинијата и јажињата нејзини, столбовите нејзини и подлогите нивни,
32. и столбовите од сите страни на тремот и подножјата нивни, и столбовите за завесата на вратата од тремот, и колците нивни и јажињата нивни, и сите сосуди и подножјата и се‘ што е потребно за служење и именувајте ги работите, што треба да ги носат.
33. Тоа е работата на родовите на Мерариевите синови според службата нивна при скинијата на сведоштвото, а под надзор на Итамара, синот на свештеникот Арон."
34. И ги распоредија Мојсеј и Арон началниците Израилеви на Каатовите синови според родовите нивни и домовите нивни,
35. од дваесет и пет години нагоре дури до педесеттата што ке служи и работи секој во скинијата на сведоштвото.
36. И излегоа на број според родовите нивни, две иљади и седумстотини и педесет.
37. Тоа се преброените родови Каатови, на сите што ке служат при скинијата на сведоштовото, и што ги изброи Мојсеј и Арон по заповед на Господа, дадена преку раката на Мојсеја.
38. И Гирсоновите синови беа преброени според родовите нивни, и според домовите нивни,
39. од дваесет и пет години и нагоре, дури до педесет години, што секој ке работи и врши во скинијата на сведоштвото;
40. и излегоа на број, според родовите нивни, според домовите нивни, две иљади и шестотини и триесет.
41. Тоа се изброените од родовите на Гирсоновите синови, сите што ке служат во скинијата на сведоштвото, а кои ги изброи Мојсеј и Арон, по заповед на Господа, преку раката на Мојсеја.
42. Родовите на Мерариевите синови беа изброени според родовите нивни, според домовите нивни,
43. од дваесет и пет години и нагоре, дури и до педесет години, сите способни за служба и за работа при скинијата на сведоштвото;
44. и излегоа на број, според родовите нивни, според домовите нивни, три иљади и двесте.
45. Тоа се преброените од родовите на Мерариевите синови, што ги преброи Мојсеј и Арон по заповед на Господа, дадени преку Мојсеја.
46. И беа изброени сите левити, што ги изброи Мојсеј и Арон и началниците Израилеви според родовите нивни и според домовите нивни,
47. од дваесет и пет години и нагоре, дури и до педесет години, сите способни да работат и да носат во скинијата на сведоштвото,
48. и излегоа на број осум иљади и петстотини и осумдесет.
49. По заповед на Господа ги распореди Мојсеј, секој за својата работа што ке ја врши, и беа изброени, како што му заповеда Господ на Мојсеја.

  Numbers (4/36)