Numbers (36/36)    

1. Дојдоа кнезовите на племињата од синовите на Галад, синот на Махир, внук Манасиев, од племињата на Јосифовите синови, говореа пред Мојсеја и пред свештеникот Елеазар и пред кнезовите, на домовите на синовите Израилви,
2. па рекоа: "Господ му заповеда на господарот наш да им дадеме земја во дел на синовите Израилеви по жреб, и на господарот наш му е заповедано од Господа, делот на Салпаад, наш брат, да им го даде на керките негови;
3. ако, пак, тие се омажат за синови од некое друго племе на синовите Израилеви, тогаш нивниот дел да се одземе од делот на татковците наши и да се додаде кон делот на она племе, во кое тие ке бидат омажени, и да се одземе наследството нивни од делот, кој што ни се падна со жреб нам;
4. и дури откако кај синовите Израилеви ке има проштална година, делот нивни да се додаде кон делот на она племе, во кое тие ке бидат омажени, делот нивни да се одземе од делот на татковото ни племе."
5. Тогаш Мојсеј им заповеда на синовите Израилеви, според повелбата Господова, и рече: "Право говори племето на Јосифовите синови:
6. еве, како заповеда Господ за Салпаадовите керки: тие можат да бидат жени на оние, што ке им се допаднат, но можат да се омажат само со човек во племето од татковиот род,
7. за да не минува делот на синовите Израилеви од едно племе во друго - зашто секој од синовите Израилеви треба да се жени само во родот на татковото си племе;
8. и секоја керка, која наследува дел во племето на синовите Израилеви, треба да стане жена на некого од племето на татковиот си род, та секој од синовите Израилеви да го наледи татковиот дел,
9. и да не минува делот од едно племе во друго; зашто секој од синовите Израилеви треба да се жени во племето од своето наследство."
10. Како што му заповеда Господ на Мојсеја, така и направија Салпаадовите керки.
11. И Салпаадовите керки Мала, Терса, Егла, Мелха и Нуа се омажија со синовите од браката на своето племе;
12. тие се омажија во племето од синовите на Манасија, Јосифов син, и нивниот дел остана во племето на нивниот татко.
13. Тоа се заповедите и наредбите, и повелбите, што Господ им ги даде на синовите Израилеви преку Мојсеја во западен Моав, при Јордан, спроти Јерихон.

  Numbers (36/36)