Numbers (35/36)  

1. И му рече Господ на Мојсеја во западен Моав при Јордан, спроти Јерихон, велејки:
2. "Заповедај им на синовите Израилеви да им дадат со жреб на левитите од добиените делови во владение свое градови за живеење, и поле околу градовите дајте им на левитите;
3. во градовите ке живеат тие, а полето ке биде за добитокот нивни, и за сите нивни четвороножни животни.
4. Полето околу градовите, што ке им го дадете на левитите, треба да се простира од градскиот sид две иљади лакти наоколу.
5. И измерете надвор од градот, откај исток две иљади лакти, откај страната на југ две иљади лакти, и страната откај морето две иљади лакти, откај севет две иљади лакти, а во средината да биде градот; такво ке им биде полето околу градовите.
6. Ме у градовите што ке им ги дадете на Левитите, шест града нека има за заслониште, каде што ке дозволите да избегаат оние што убиле; и освен нив дајте четириесет и два града:
7. сите градови, што ке им ги дадете на Левитите, да бидат четириесет и осум града со поле околу нив.
8. И кога ги давате градовите од владението на синовите Израилеви, давајте од поголемото - повеке, од помалото помалку; според наследството свое, што ке го добие, нека им даде од своите градови на Левитите."
9. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
10. "Кажи им на синовите Израилеви и речи им: ‘кога ке минете преку Јордан во Хананската земја,
11. разделете си градови, што ке ви бидат градови прибежишта, каде што би можел да избега убиец, кој убил ненамерно.‘
12. И тие градови нека ви бидат засолниште од одмаздникот за крв, та да не биде погубен оној, што го извршил убиството, пред да излезе на суд пред народот.
13. А градовите, што ке ги дадете, градовите за засолништа, треба да бидат шест:
14. три града дајте од оваа страна на Јордан и три града дајте во Хананската земја; тие треба да бидат градови прибежишта.
15. Тие шест градови да бидат засолништа за синовите Израилеви, за придојдениот и за преселениот ме у вас, за да избега во нив секој, кој убил човек не сакајки.
16. Ако некој удри некого со железно орудие и тој умре, тој е убиец: убиецот да биде убиен;
17. и ако некој удри некого со камен од рака, и тој умре од каменот; тој е убиец, убиецот да биде убиен;
18. или ако удри со дрвено орудие од рака, па тој од тоа умре, тој е убиец, убиецот да биде умртвен.
19. Одмазникот за крв сам може да го убие убиецот: штом ке го сретне, може сам да го умртви.
20. Ако некој турне некого од омраза, или со умисла фрли на него нешто, така што тој да умре,
21. или од завест го удри со рака, па тој умре, тогаш оној што удрил да биде убиен, тој е убиец; одмаздникот за крв може да го умртви убиецот, штом ке се сретне со него.
22. Ако го турне, не сакајки, и без непријателство, или фрли на него нешто без умисла,
23. или, без да види, откачи некој камен одозгора, што може да предизвика смрт, така што оној умре, но тој не му бил непријател и не му мислел зло,
24. тогаш народот да го реши делото ме у убиецот и одмаздникот за крв според оваа наредба;
25. и народот да го спаси убиецот од раката на одмазникот за крв, и да го врати во градот на неговото заслониште, каде што избегал тој, за да живеее таму до смртта на големиот свештеник, кој е помазан со свет елеј.
26. Ако убиецот излезе надвор од градот за засолнување, каде што избегал,
27. па одмаздникот за крв го сретне надвор од границата на градот прибежиште и го убие, нема да биде виновен за крвнина,
28. зашто оној треба да живее во градот на засолништето свое до смртта на големиот свештеник, а по смртта на големиот свештеник убиецот ке може да се врати во земјата на имотот свој.
29. Тоа да ви биде законска наредба во поколенијата ваши, по сите ваши живеалишта.
30. Секој што ке убие човек убиецот да биде пред свидетели; но еден сведок не е доволен за осудување на смрт.
31. И не земајте откуп за душата на убиецот, кој е виновен за смртта, него предавајте го на смрт.
32. И не земајте откуп за избеган во засолнички град, за да му дозволите да живее во земјата своја, се‘ до смртта на великиот свештеник.
33. На убивајте на земјата, на која живеете; зашто крвта ја осквернува земјата, и земјата не се чисти од пролеаната крв врз неа поинаку, освен со крвта на оној, што ја пролеал.
34. Да не ја осквернувате земјата, на која живеете, во која поме у вас се вселив и Јас; зашто Јас сум Господ, Кој се всели ме у синовите Израилеви."

  Numbers (35/36)