Numbers (33/36)  

1. Ете тоа се населбите на синовите Израилеви, што излегоа од Египетската земја според својот состав, под водството на Мојсеја и Арона.
2. По заповедта на Господа Мојсеј го опиша нивните патувања и престојувањата нивни, и еве ги престоите на нивното патување.
3. Од Рамзес тие тргнаа во првиот месец, на петнаесеттиот ден од првиот месец, - утрината по Пасха излегоа синовите Израилеви под висока рака пред очите на сите Египтјани;
4. а во тоа време Египтјаните ги погребуваа сите првородени, што ги порази Господ ме у нив, и над боговите нивни Господ беше извршил суд.
5. Така тргнаа синовите Израилеви од Рамзес и се сместија во Сокхот.
6. Потоа појдоа од Сокхот и се сместија во Вутан, кој е дел од пустињата.
7. Се кренаа од Вутан, и се упатија при изворот Ирот, кој е спроти Веелсепфан, и се сместја спрема Мигдол.
8. Откога тргнаа од Ирот, минаа преку морето во пустињата, и патуваа три дена по пустињата, и се сместија во Мера.
9. И се кренаа од Мера, пристигнаа во Елим; а во Елим имаше дванаесет водни извори и седумдесет финикови дрвја, и таму се сместја до водите.
10. Потоа појдоа од Елим и се сместија крај Црвеното Море.
11. И тргнаа од Црвено Море и се сместија во пустињата Син.
12. Па се кренаа од пустињата Син и се сместија во Рафак.
13. Од Рафак заминаа и дојдоа во Елус.
14. Тргнаа од Елус и се сместија во Рафидин, а таму немаше вода да пие народот.
15. Појдоа од Рафидин и се сместија во Синајската пустиња.
16. Заминаа од Синајската пустиња и се сместија покрај гробовите на страстите.
17. Тргнаа од гробовите на страстите и се сместија во стан на Асирот.
18. Од Асирот појдоа и се сместија во Ратам.
19. Потоа се кренаа од Ратам и се сместија во Ремнон-Фарес.
20. Појдоа од Ремнон-Фарес и се сместија во Лемнон.
21. Од Лемнон заминаа и се сместија во Ресан.
22. Тргнаа од Ресан и се сместија во Макелата.
23. Се кренаа од Макелата и се сместија во Арсафат.
24. Тргнаа од планината Арсафат и се сместија во Харад.
25. Тргнаа од Харад и се сместија во Макидад.
26. Од Макидад се кренаа и се сместија во Катад.
27. Тргнаа од Катад и се сместија во Тарад.
28. Појдоа од Тарад и се сместија во Мадек.
29. Заминаа од Мадек и се сместија во Аселнон.
30. Од Аселнон тргнаа и се сместија во Масурут.
31. Тргнаа од Масурут и се сместија во Банакан.
32. Заминаа од Банакан и се сместија во гората Гадад.
33. Се кренаа од гората Гадат и се сместија во Етеват.
34. Појдоа од Етеват и се сместија во Еврон.
35. Тргнаа од Еврон и се сместија во Гесион-Гавер.
36. Од Гесион-Гавер тргнаа и се сместија на стан во пустињата Син, па се кренаа од пустињата Син, и се сместија во пустињата Фаран, која е и Кадес.
37. Појдоа од Кадес и се сместија во планината Ор, близу до земјата Едомска.
38. Тогаш по заповед на Господа свештеникот Арон се искачи на планината Ор и умре таму на четириесеттата година по излегувањето на синовите Израилеви од Египетската земја, во петтиот месец, на првиот ден од месецот;
39. Арон имаше сто и дваесет и три години кога умре на планината Ор.
40. Тогаш царот на Арад, еден од хананските цареви, кој живееше на југ во Хананската земја, чу, дека идат синовите Израилеви.
41. И тие тргнаа од планината Ор и се сместија во Селмон.
42. Појдоа од Селмон и се сместија во Финон.
43. Се кренаа од Финон и се сместија во Овот.
44. Потоа заминаа од Овот и се сместија во Гај, од спротива на пределите Моавски.
45. Тргнаа од Гај и се сместија во Девон-Гад.
46. Појдоа од Девон-Гад и се сместија во Гелмон-Девлатаим.
47. Се кренаа од Гелмон-Девлатаим и се сместија во Аваримската гора спроти Навав.
48. Тргнаа од Аваримската планина и се сместија во западен Моав, крај Јордан, спроти Јерихон;
49. и се кренаа од западен Моав, па се сместија во Јордан ме у Есимот и Велсатим во западен Моав.
50. Тогаш му рече Господ на Мојсеја во западен Моав, во Јордан кај Јерихон, велејки:
51. "Кажи им на синовите Израилеви и речи им: кога ке минете од оваа страна на Јордан во Хананската земја,
52. погубете ги од пред себе сите жители на оваа земја, разрушете ги сите нивни храмови и сите излеани идоли, разрушете ги и сите нивни жртвеници, разорете ги;
53. погубете се‘ живо во таа земја и завладејте ја и населете се во неа, зашто Јас ви ја давам таа земја да ја владеете;
54. и поделете ја земјата со жреб на делови ме у вашите племиња: на многубројните дајте им поголем дел, а на малубројните дајте им помал дел; како кому ке му се падне жребот, таму да му биде и делот; земете си делови според родовите на таткоците ваши.
55. Ако, пак, не ги поразите од пред себе жителите на земјата, тогаш оние што ке останат, ке бидат трн во очите ваши и бодила во слабините ваши и ке ве притеснуваат во земјата каде што ке живеете,
56. и тогаш, она што мислев да им го направам ним, ке ви го направам вам."

  Numbers (33/36)