Numbers (31/36)  

1. И му рече Господ на Мојсеја велејки:
2. "Одмазди им се на Мадијамците поради синовите Израилеви, и потоа ке се прибереш при народот свој."
3. И му рече Мојсеј на народот велејки: "Вооружете ме у вас лу е за војна, за да тргнат против Мадијамците, да извршат одмазда Господова над нив;
4. испратете во војна по иљада од племе, од сите племиња на синовите Израилеви.
5. И од иљадниците Израилеви беа одделени по иљада од секое племе, вкупно дванаесет иљади вооружени за војна.
6. И ги испрати Мојсеј во војна, по иљада од секое племе, нив и Финес, синот на свештеникот Елеазар, Аронов син, со светите сосуди и со труби за тревога в рака.
7. И отидоа во војна против Мадијам, како што му заповеда Господ на Мојсеја, и ги убија сите од машки пол;
8. а заедно со убиените од нив ги убија и мадијамските цареви; го убија со меч и Валаам, Веоровиот син заедно со нивните убиени.
9. Мадијамските, пак, жени и децата нивни синовите Израилеви ги зедоа во плен; и сиот нивни добиток, и сите стада нивни, и целиот имот нивни го заграбија;
10. сите градови нивни во нивно владение и сите села нивни со оган ги изгореа.
11. И го зедоа сето заграбено, од човек до добиток.
12. И заробените, и огарбеното и заграбеното му го донесоа на Мојсеј, пред свештеникот Елеазар и пред општеството на синовите Израилеви, при населбата во Аравот Моавски, кај Јордан, спроти Јерихон.
13. Тогаш Мојсеј и свештеникот Елеазар и сите кнезови на општеството излегоа надвор од населбата за да ги пречекаат.
14. И се разгневи Мојсеј на воените началници, иљадниците и стотниците, што се беа вратиле од војната,
15. па им рече: "Зошто ги оставивте живи сите жени?
16. ете тие, по советот на Валаама, беа станале причина синовите Израилеви да отстапат и да ги презрат наредбите од Господа, заради Фегор, затоа и дојде оној пораз врз народот Господов.
17. А сега, убијте ги сите деца од машки пол, убијте ги и сите жени, што познале маж на машко легло;
18. а сите деца од женски пол, кои не познаел машко легло, оставете ги живи за себеси.
19. И останете надвор од населбата седум дена; сите, што убиле човек и што се допреле до убиен, очистете се на третиот ден, вие и вашите заробеници;
20. очистете ја и сета облека, сите кожени предмети, се‘ што е направено од козина, и сите дрвени садови."
21. Потоа им рече свештеникот Елеазар на војниците, што беа отишле во војна: "Еве ги наредбите на законот, кои Господ му ги заповеда на Мојсеја:
22. злато, сребро, бакар, железо, калај и олово,
23. и се‘ што минува низ оган, поминете го низ оган, за да се очисти, а освен тоа, тоа треба да се очисти и со очистителна вода; а се‘, што не минува низ оган, поминете го низ вода;
24. и облеката исперете ја на седмиот ден, и очистете се, и потоа влезете во населбата."
25. И му рече Господ На Мојсеја, велејки:
26. "Преброј го заграбеното, од човек до добиоток, ти и свештеникот Елеазар и началниците од племињата на општеството;
27. и раздели го ограбеното по половина, на оние што војуваа, што одеа во борба, и ме у целото општество.
28. А од војниците, што беа во војна, земи данок за Господа, од душа петстотини, од лу е и од говеда, и од овците и од ослите;
29. земи го тоа од нивната половина и дај му го на свештеникот Елеазар за вознесување пред Господа.
30. А од половината, определена за синовите Израилеви, земи по педесет на човек, од лу ето, од говедата, од овците и ослите, и од сите други животни, и дај им го тоа на левитите што служат при скинијата Господова."
31. И направи Мојсеј и свештеникот Елеазар, како што му заповеда Господ на Мојсеја.
32. И пленот, што остана од грабежот, што го заграбија оние, кои беа отишле во војна, беше: овци шестотини седумдесет и пет иљади,
33. говеда седумдесет и две иљади,
34. осли шеесет и една иљада,
35. лу е - жени, кои не познале машко легло, сите беа триесет и две иљади души.
36. Половината, делот на оние, што беа отишле да се борат, според пребројувањето, беше: овци триста триесет и седум иљади и петстотини, говеда триста и седум иљади и петстотини.
37. На Господа од овците Му се даде шестотини седумдесет и пет;
38. говеда триесет и шест иљади, и од тоа дар за Господа седумдесет и два;
39. осли триесет иљади и петстотини, а дел од нив за Господа шеесет и еден;
40. лу е шеснаесет иљади, и данок од нив за Господа беше триесет и две души.
41. И му го даде Мојсеј дарот за вознесување пред Господа, на свештеникот Елеазар, како што му заповеда Господ на Мојсеја.
42. И од половината, определена за синовите Израилеви, што ја оддели Мојсеј од оние кои беа отишле во војната,-
43. а половината како дел на општеството беше: овци триста и триесет и седум иљади и петстотини,
44. говеда тиесет и шест иљади,
45. осли триесет и пет иљади и петстотини,
46. лу е шеснаесет иљади.
47. Од таа половина, определена за синовите Израилеви, Мојсеј зеде педесетти дел од лу ето и од добитокот и им го даде тоа на левитите, што служеа при скинијата Господова, како што му заповеда Господ на Мојсеја.
48. И дојдоа при Мојсеја начлниците над иљадите од војската, иљадниците од стотниците,
49. и му рекоа на Мојсеја: "Твоите слуги ги преброија војниците, што ни се доверени, и ниеден од нив не умрел.
50. Еве, Му донесовме принос на Господа кој што нашол - златни предмети, алки, гривни, претења, обетки и веришки, за да се помолат за нас пред Господа.
51. И го зеде од нив Мојсеј и свештеникот Елеазар златото од сите тие изработки.
52. И сето злато, донесено од иљадниците и стотниците за вознесување пред Господа, беше шеснаесети иљади и седумстотини и педесет сикли.
53. Војниците беа грабала секој за себеси.
54. И го зеде Мојсеј и свештеникот Елеазар, златото од иљадниците и стотниците и го внесоа во скинијата на сведоштвото за спомен на синовите Израилеви пред Господа.

  Numbers (31/36)