Numbers (30/36)  

1. И им кажа Мојсеј на синовите Израилеви се‘, што му беше заповедал Господ.
2. И им зборуваше Мојсеј на началниците од племињата на синовите Израилеви, велејки: "Еве што заповеда Господ:
3. ако некој Му вети нешто на Господа, или се заколне со клетва, или ја заложи душата своја, да не го оскверни зборот свој, туку да изврши се‘, што излегло од устата негова.
4. Ако жена се заветува на Господа и си се зарече во татковата си кука, во млади години,
5. а таткото нејзин го чуе заветот и зарекувањето нејзино, што го наложила на душата своја, па го премолчи таткото нејзин тоа, тогаш сите нејзини ветувања, и секое нејзино зарекување, што си го наложила на душата своја, да ги исполни;
6. ако таткото нејзин, кога ке чуе, па и‘ забрани, тогаш сите најзини завети, што си ги наложила на душата своја, да не се исполнуваат, и Господ ке и‘ прости, бидејки таткото и‘ ги забранил.
7. Ако се омажи, пак е обврзана со завет, или со збор, излезен од устата нејзина, со која таа се обврзала,
8. и чуе мажот нејзин, па, откако ке чуе и он ги наложи на душата своја, исто така да се исполни;
9. ако мажот нејзин, кога ке ги чуе, и‘ забрани и го отфрли заветот нејзин, што го дала, и зборот, излезен од устата нејзина, со кој таа се обврзала, тие да не се исполнат, бидејки мажот и‘ забранил и Господ ке и‘ прости.
10. А заветот на вдовица и разведена, каков и да било зарек да си наложила на душата своја, да се исполни.
11. Ако жена се заветувала во куката на мажот свој, или со клетва си наложила на душата своја зарек,
12. и мажот нејзин ја чул, а премолчал и не и‘ го забранил, тогаш сите завети нејзини да се исполнат, и секое зарекување, што го наложила на душата своја, да се исполни;
13. ако, пак, мажот нејзин, откако ги чул, ги отфрлил, тогаш сите завети нејзини, излезени од устата нејзина, и зарекување на душата нејзина, да не се исполнат; мажот нејзин ги уништил, и Господ ке и‘ прости.
14. Секој нејзин завет и секоја клетва нејзина за смирување на душата своја, мажот нејзин може да го потврди, и мажот нејзин може да го отфрли.
15. Ако мажот нејзин молчел одден наден, тој со тоа ги потврдил сите ветувања нејзини и сите зарекувања нејзини, со кои се обврзала, ги потврдил, зашто, откако ги чул, молчел за тоа;
16. ако, пак, мажот ги отфрлил, откако ги чул, тој го примил врз себе гревот нејзин."
17. Тоа се наредбите, кои Господ му ги заповеда на Мојсеја за односите ме у мажот и жената негова, ме у таткото и керката негова во млади години, во куката на таткото свој.

  Numbers (30/36)