Numbers (3/36)  

1. Ова е родословот Аронов и Мојсеев, во оној ден кога му говореше Господ на Мојсеја на планината Синај.
2. Еве ги имињата на синовите Аронови: првенецот Надав, Авуид, Елеазар и Итамар.
3. Тоа се имињата на Ароновите синови, помазани за свештеници, кои тој ги посвети за да свештенодејствуваат.
4. Но Надав и Авиуд умреа пред Господа, кога донесоа ту оган пред Господа во Синајската пустиња, а немаа деца; Елеазар, пак, и Итамар останаа како свештеници кај татка си Арона.
5. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
6. "Доведи го Левиевото племе и постави го при свештеникот Арона, за да му служат;
7. и нека тие бидат на стража за него и на стража за целото општество Израилево при скинијата на сведоштвото, за да се извршуваат службите при скинијата;
8. и да ги пазат сите сосуди во скинијата на сведоштвото и да бидат на стража за синовите Израилеви во врска со сите работи што се вршат околу скинијата.
9. И дај му ги левитите на Арон, братот твој, и на синовите негови свештениците: нека Ми бидат тие дадени како дар од синовите Израилеви.
10. А Арон и синовите негови постави ги над скинијата на сведоштвото, за да ја пазат свештеничката дожност и се‘ што е кај жртвеникот и зад завесата; а ако некој надворешен се доближи, да биде убиен."
11. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
12. "Ете, Јас си зедов левитите ме у синовите Израилеви наместо сите првородени од Израилевите синови, што ја отвораат утробата, тие се откуп; левитите да бидат Мои,
13. бидејки сите првородени се Мои; во денот, кога ги поразив сите првородени во Египетската земја, Јас си осветив за Себе сите Израилеви провородени од човек до добиток: тие да бидат Мои. Јас сум Господ."
14. И му рече Господ на Мојсеја во Синајската пустиња, велејки:
15. "Преброј ги Левиевите синови според домовите нивни, според родовите нивни, преброј се‘ од машки пол од еден месец, и нагоре!"
16. И ги преброи Мојсеј и Арон според зборовите Господови, како што беше заповедано.
17. Еве ги Левиевите синови според имињата нивни: Гирсон, Каат и Мерари.
18. А ова се имињата на Гирсоновите синови според родовите нивни: Ловен и Семеј.
19. И Катовите синови според родовите нивни: Амрам и Исар, Хеврон и Узиил.
20. И Мерариевите синови според родовите нивни: Моли и Муси. Тоа се Левисвите родови според домовите нивни:
21. Од Гирсона произлегува родот Ловенов, родот Семејов: тоа се Гирсоновците.
22. Сите, изброени од машки пол, од еден месец и нагоре, беа седум иљади и петстотини.
23. Родовите на Гирсоновци се беа сместиле зад скинијата, кон запад.
24. Началник на поколението од Гиросовите синови беше Елисаф, син Даилов;
25. на Гирсоновите синови при скинијата на сведоштвото им е доверено да ги пазат: скинијата и покривката нејзина, завесата над влезот во скинијата на сведоштвото,
26. оградите од тремот, завесата од влезот во тремот, што е околу скинијата и жртвеникот, и сите други негови делови.
27. Од Каат произлегува родот Амрамов и родот Исаров, и родот Хевронов и родот Узиилов: тоа се Катовците;
28. Според пребројувањето сите од машки пол, од еден месец и нагоре, беа осум иљади и шестотини, кои го чуваа (пазеа) светилиштето.
29. Родовите на Каатовци да се сместат на јужната страна од скинијата;
30. а началникот на племето Каатовци беше Елисафан, синот Узиилов;
31. тие го чуваа ковчегот, трпезата, светилникот, жртвениците, садовите на светилиштето, со кои се служи, и завесата со сите нејзини работи.
32. Началник над началниците на левитите беше Елеазар, син на свештеникот Арон; поставен како стража да го чува светилиштето.
33. Од Мерари произлегува родот на Моли и родот на Муси; тоа се родови Мерариови;
34. сите преброени од машки пол, од еден месец и нагоре, беа на број шест иљади и двесте;
35. началник на домот на Мерариевци беше Суриил, син Авихеов; тие да се распоредат на северната страна;
36. на Мерариевите синови им беше доверено да ги пазат штиците на скинијата и јажињата нејзини, столбовите, подножјата нејзини, сите сосуди, и сите работи со целото нивно устројство,
37. столбовите од тремот наоколу и подножјата нивни, колците нивни и јажињата нивни.
38. А од предната страна на скинијата, на исток, сместени беа Мојсеј и Арон, и синовите негови, кои место синовите Израилеви, го пазеа светилиштето; ако, пак, некој ту инец, се доближеше, биваше убиен.
39. Сите изброени левити, што ги преброи Мојсеј и Арон по заповед на Господа, според родовите нивни, сите од машки пол, од еден месец нагоре, веа дваесет и две иљади.
40. И му рече Господ на Мојсеја: "Преброј ги сите првородени синови Израилеви од машки пол, од еден месец и нагоре, и преброј ги поименично;
41. и земи ги левитите за Мене, наместо сите првородени од синовите Израилеви, - Јас сум Господ, - а добитокот на левитите место сиот првороден добиток на синовите Израилеви."
42. И ги преброи Мојсеј, како што му заповеда Господ, сите првородени од синовите Израилеви;
43. и сите првородени од машки пол, според бројот на имињата, од еден месец и нагоре, беа дваесет и две иљади и двесте и седумдесет и три.
44. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
45. "Земи ги левитите место сите првородени од синовите Израилеви, и добитокот на левитите, место нивниот добиток; левитите нека бидат Мои. Јас сум Господ.
46. А за откуп на десте и седумдесет и трите првородени Израилеви, со кои го надминуваа бројот на левитите,
47. земи по пет сикли за човек, според свештената сикла земи, по даесет пенези од сикла,
48. и дај му го тоа сребро на Арона и на синовите негови, за откуп на оние, што го надминуваат нивниот број."
49. И го зеде Мојсеј среброто од откупот за оние, што го надмунуваат бројот на заменетите со левитите.
50. Од првородените Израилеви синови зеде сребро иљада и триста и шеесет и пет сикли, според свештената сикла;
51. и среброто од откупот, за оние што го надминуваат бројот, Мојсеј му го даде на Арона и на синовите негови според зборовите на Господа, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.

  Numbers (3/36)