Numbers (27/36)  

1. И дојдоа керките на Салпаад, син на Офера, кој беше син на Галаада, а тој - син на Махир, од поколението на Манасија, син Јосифов, и еве ги имињата на керките негови: Мала, Нуа, Егла, Мелха и Терса;
2. и откако застанаа пред Мојсеја, пред свештеникот Елеазар, пред кнезовите и пред целото општество, при влезот од скинијата на сведоштвото, рекоа:
3. "Таткото наш умре во пустињата, и тој не беше ме у соучесниците, што станаа против Господа заедно со лу ето на Кореј, туку умре поради свој грев, без синови.
4. Зашто да се загуби името на таткото наш ме у племето негово поради тоа што нема син? Дајте ни дел ме у браката на таткото наш!"
5. И Мојсеј го изнесе прашањето нивно пред Господа.
6. А Господ му рече на Мојсеја:
7. "Право велат Салпаадовите керки; дај им наследствен дел ме у браката на таткото нивни и предај им го ним татковиот дел со жреб,
8. а на синовите Израилеви јави им и кажи: ‘ако некој умре, и не остави син, предавајте го наследството негово на керките негови;
9. ако, пак, тој нема керки, давајте го неговиот дел на браката негови;
10. ако нема брака, дајте го неговиот дел на стриковците негови;
11. ако, пак, нема ни стриковци, дајте му го неговиот дел на најблискиот роднина негов од неговото поколение да го наследи; и нека биде тоа закон за синовите Израилеви, како што му заповедал Господ на Мојсеја!"
12. И му рече Господ на Мојсеја: "Излези во онаа гора, која е од онаа страна на Јодан, во гората Навав, и погледај ја земјата Хананска, која им ја давам на синовите Израилеви во владение;
13. и откако ке ја погледаш, прибери се и ти при народот свој, како што се прибра Арон, братот твој на планината Ор;
14. зашто вие не ја послушавте заповедта Моја во пустињата Син, кога ме у општеството се појави расправија, да ја покажете пред очите нивни Мојата светост при водата. Тоа се водите на расправија при Кадес, во пуситњата Син."
15. И Му рече Мојсеј на Господа, велејки:
16. "Госопод, Бог на духовите и на секоја плот, нека одреди над овој народ човек,
17. кој ке излегува пред нив, и кој ке влегува пред нив, кој ке ги изведува и кој ке ги доведува, та да не остане народот Господов како овци без пастир."
18. И му рече Господ на Мојсеја: "Земи го Иисуса, Навиновиот син, човек, во кого има Дух, и положи ги врз него рацете свои.
19. Престави го пред свештеникот Елеазар и пред целото општество, нареди му и заповедај за него пред целиот народ,
20. и дај му од славата твоја за да го слуша сиот народ на синовите Израилеви;
21. а тој да се обрнува до свештеникот Елеазар и да се допрашува до него за решенија Господови; и според зборот негов да излегуваат и според зборот негов да влегуваат тој и сите синови Израилеви со него и целото општество."
22. И направи Мојсеј како што му заповеда Гопспод Бог, и го зеде Иисуса, па го претстави пред свештеникот Елеазар и пред целото општество;
23. и ги положи врз него рацете свои и му даде совет, како што му заповеда Господ на Мојсеја.

  Numbers (27/36)