Numbers (25/36)  

1. Израил живееше во Ситим и народот почна преку блуд да се осквернува со керките на Моав;
2. и ги покануваа тие да принесуваат жртва на идолите нивни, и народот ги јадеше жртвите нивни и им се клањаше на боговите нивни.
3. И му се поклони Израилот на Ваал-Фегор. И се разгори гневот Господов против Израилот.
4. И му рече Господ на Мојсеја: "Земи ги сите началници народни и разобличи ги пред Господа спроти сонцето, и ке се одврати јаросниот гнев Господов од Израилот."
5. Тогаш Мојсеј им рече на племињата Израилеви: "Секој нека ги убие своите лу е, што му служат на Ваал-Фегор."
6. И ете, еден од синовите Израилеви дојде и доведе при братот свој една Мадијамка, пред очите на Мојсеја, и пред очите на целото општество на синовите Израилеви, кога тие плачие при влезот од скинијата на сведоштвото.
7. Финес, синот на Елеазара, син на свештеникот Арон, кога го виде тоа, стана среде општеството и зеде во раката копје,
8. и влезе по Израилецот во блудилиштето и ги прободе и обајцата: Израилецот и жената во утробата нејзина; и престана поморот на синовите Израилеви.
9. А умрените од помор беа дваесет и четири иљади.
10. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
11. "Финес, синот на Елеазара, син на свештеникот Арон, ја одврати јароста Моја од синовите Израилеви, покажувајки ме у нив ревност за Мене, и Јас не ги истребив синовите Израилеви во ревноста Своја.
12. Така кажи им: ‘ете, Јас му давам мирен завет;
13. и тој ке биде за него и за потомството негово по него завет на вечно свештенство, затоа што покажа ревност за својот Бог и Го омилостиви за синовите Израилеви."
14. Името на убиениот Израилец, кој беше убиен со Мадијамката, е Замври, син на Сало, началник на Симеоновото поколение;
15. а името на убиената Мадијамка е Хазва; таа беше керка на Сура, началник на Мадијамското племе Омот.
16. Пак му рече Господ на Мојсеја, велејки:
17. "Сметајте ги за непријатели Мадијамците и поразувајте ги,
18. зашто тие со подмолноста своја постапуваа непријателски спрема вас, соблазнувајки ве со Фегора и со Хазва, керката на мадијамскиот началник, нивна сестра, убиена во денот на поморот поради Фегор."

  Numbers (25/36)