Numbers (24/36)  

1. Валаам виде дека на Господ Му е пријатно да го благословува Израилот и не отиде во пресрет како порано, за да прескажува, а го сврти лицето кон пустињата.
2. Погледна Валаам и го виде Израилот, како се беше сместил со племињата свои, а Духот Божји беше на него.
3. И започнувајки ја својата беседа, рече: "Валаам, синот Веоров, говори тој што ја гледа вистината.
4. Зборува оној, кој ги слуша зборовите на Семокниот; бидејки видение Божјо виде во сон, и тоа му ги отвори очите.
5. Колку се убави домовите твои, Јакове, и живеалиштата твои, о Израиле!
6. Тие се распростираат како дубрави со сенки, како градини крај река, како куки што ги изградил Господ, како кедри крај води;
7. од семето негово ке излезе човек, и ке завладее многу народи, и царството негово ке со возвиси погоре од царството на Гога, и ке се преувеличи.
8. Бог го изведе од Египет; тој е брз како еднорог, ке ги голтне непријателски расположените народи спрема него, ке им ги скрши коските нивни и со стрелите свои ке го порази непријателот.
9. Легнал тој како лав и како лавче; кој ке го разбуди? Благословен да биде, оној шsо те благословува и проклет - оној што те проколнува!"
10. Се разгневи Валак против Валаама, и плесна тој со рацете свои, па му рече на Валаама: "Јас те повикав да ги проколнеш непријателите мои, а ти ги благословуваш еве веке по третпат;
11. бегај, пак, во земјата своја; јас сакав да ти искажам почит, но, ете, Господ те лишува од почестите."
12. И му рече Валаам на Валака: "Не ли им реков на твоите пратеници што ми ги испрати:
13. ‘Да ми ја дадеше Валак и куката своја, полна со сребро и злато, не би можел да ја прекршам заповедта Господова, за да направам нешто добро или лошо по своја воља: она што ке ми рече Господ, тоа и ке го кажувам?‘
14. И така, ете, јас си одам во своето место, но приближи се, за да ти кажам и да те посоветувам што ке направи во последните дни овој народ со твојот народ."
15. И го раскажа видението свое, велејки: "Валаам, синот Веоров, зборува човек со отворени очи,
16. го зборува оној, што ги пази зборовите Божји, кој доби знаење од Севишниот, и откако виде видение Божјо во сон, очите му се отворија.
17. Kе му покажам, но не сега уште, го сакам но не одблиску. Изгрева sвезда од Јакова, и се издига довек од Израилот; тој ке ги поразува кнезовите моавски и ке ги заробува сите Ситови синови.
18. И Едом ке биде негово наследство, Сеир ке завладее над непријателите свои, а Израил ке ја покаже силата своја.
19. Произлезениот од Јакова ке завладее и ке ги погуби преживеаните од градот.
20. И го виде тој Амалика, и ја раскажа таа своја приказна, велејки: Амалик е прв ме у народите, но семето негово ке се затре.
21. И го виде и Кенеон, и пророкува, велејки: "Силно е твоето живеалиште, на камен си го свил своето гнездо,
22. иако му е на Веор тоа гнездо на сплетки, Асирците ке те заробат.
23. И кога го виде Ога, пак пророкува, и рече: "Тешко, тешко, кој ке остане жив, кога Бог ке го направи тоа.
24. Kе ги изведат од рацете Китиски, ке го озлобат Асура, ке го озлобат и Евера, но и самите ке се уништат."
25. И стана Валаам и се врати во местото свое, а исто така и Валак отиде по патот свој.

  Numbers (24/36)