Numbers (23/36)  

1. Тогаш Валаам му рече на Валака: "Изгради ми овде седум жртвеници и приготви ми седум телиња и седум овни."
2. Валак направи така, како што рече Валаам; и принесоа Валак и Валаам по едно теле и по еден овен на секој жртвеник.
3. И му рече Валаам на Валака: "Застани при својата сепаленица, а јас ке појдам, можеби ке се јави Господ пред мене, и што ке ми открие, ке ти кажам." И остана Валак при сепаленицата своја, а Валаам отиде на другата страна за да Го праша Бога.
4. И му се јави Бог на Валаама, и Валаам Му рече: "Јас подигнав седум жртвеници и принесов по едно теле и по еден овен на секој жртвеник."
5. И му вложи Господ збор во устата на Валаама и рече: "Врати се при Валака и речи вака."
6. И се врати при него, а тој стоеше при својата сепаленица, тој и сите моавски кнезови. А Духот Божји беше врз него.
7. И ги прими овие зберови, па рече: "Од Месопотамија, од источните планини, ми рече Валак, моавскиот цар: дојди, проколни ми го Јакова, и дојди, проколни ми го Израилот!
8. Како ке проколнам? Бог не проколнува. Што лошо ке речам, кога Господ не злословува.
9. Од врвот на гората го гледам, од ридовите го гледам: ете народ кој живее одделно и не се вбројува ме у народите.
10. Кој ке го изброи семето на Јакова и кој ке го пресмета бројот на народот Израилев. Да умре душата моја, како што умираат праведниците, и крајот мој да биде како нивниот!"
11. И му рече Валак на Валаама: "Што ми направи? Јас те повикав да ги проколнеш непријателите мои, а пак ти, ете, ги благословуваш со благослов."
12. Тој одговори и рече: "Не требаше ли да го кажам токму она, што Господ го вложи во устата моја?"
13. И Валак му рече: "Дојди со мене на друго место, од каде што ке видиш, но само дел од него ке видиш, а нема целиот да го видиш; и проколни ми го оттаму."
14. И го одведе до границата на полето на врвот на една карпа, и изгради таму седум жртвеници, и принесе по едно теле и по еден овен на секој жртвеник.
15. И му рече Валаам на Валака: "Стој тука при сепаленицата своја, јас пак, ке одам понатаму за да Го прашам Бога."
16. И го сретна Бог Валаама, и му вложи слово во устата негова, па рече: "Врати се при Валака и кажи му така."
17. И се врати при него, а тој стоеше при својата сепаленица, а заедно со него и сите моавски кнезови. И му рече Валак: "Што вели Господ?"
18. Тој го започна своето кажување и рече: "Стани Валако, слушај и внимавај, сине Сепфоров!
19. Бог не е човек, та да се колеба, ниту е син човечки, па да се изменува. Што ке каже, па да не го изврши, или што ке рече, па да не биде така?
20. Ете, доведен сум да благословувам: ке благословувам, и никако инаку.
21. Не се гледа мака во Јакова, и не се забележува ни болест кај Израилот; Господ Бог е со него, и тој има сава царска.
22. Бог го изведе од Египет: тој е брз како еднорог:
23. нема гатање кај Јакова, нема ма епсништво кај Израилот; некогаш ке речат за Јакова и за Израилот: ете, што направи Бог!
24. Ете, еден народ се подигна како лавица и се исправи како лав; нема да легне, додека не го изеде пленот свој и додека не се напие од крвта на победените."
25. И му рече Валак на Валаама: "Ни со клетва не го проколнувај, ни со благослов не го благословувај."
26. И одговори Валаам и му рече на Валака: "Не ли ти реков што ке рече Господ, тоа и ке го изврши."
27. И му рече Валак на Валаама: "Дојди, ке те одведам на друго место; ке Му биде секако угодно на Бога, и оттаму ке ми го проколнеш."
28. И го поведе Валак Валаама на врвот од Фагор, што се протега спрема пустињата.
29. И му рече Валаам на Валака: "Изгради ми овде седум жртвеници и приготви ми седум телиња и седум овни."
30. И Валак направи, како што рече Валаам, и принесе по едно теле и по еден овен на секој жртвеник.

  Numbers (23/36)