Numbers (21/36)  

1. Еден од ханаските цареви, - царот на Арад, кој живееше на југ, кога чу, дека Израилот доа а по патот од кај Атарим, стапи во борба против Израилците и зароби неколкумина од нив.
2. и се заветува Израилот пред Господа, и рече: "Ако го предадеш овој народ во рацете мои, ке ги истребам градовите нивни, ке ги уништам."
3. Господ го чу гласот на Израилот и ги предаде Хананејците во рацете негови, и тој победи и градовите негови ги опусти, и тоа место го нарече: запустение.
4. Од планината Ор тие тргнаа кон Црвено Море, за да ја заобиколат земјата на Едом. И по патот народот падна со духот;
5. и возроптаа лу ето против Бога и против Мојсеја: "Зошто не‘ изведе од Египет, па да умреме во пустињава: тука нема ни леб, ни вода, а во душата ни омрзна таа лоша храна?"
6. и испрати Господ против народот отровни змии, кои го касаа народот, и многу лу е изумреа од синовите Израилеви.
7. И дојде народот при Мојсеја и рече: "Згрешивме кога се пубунивме против Господа и против тебе; помоли Му се на Гсопдоа да ги отстрани од нас змиите." И Мојсеј Му се помоли на Господа за народот.
8. И му рече Господ на Мојсеј: "Направи бакарна змија и закачи ја на знаме како знак, и ако касне некого змија, каснатиот, штом ке ја погледне, ке остане жив."
9. И направи Мојсеј бакарна змија и ја закачи на знамето како знак, и кога некоја змија ке каснеше некој човек, тој штом ке ја погледнеше бакарната змија, остануваше жив.
10. И тргнаа синовите Израилеви и се задржаа во Овот;
11. се кренаа и од Овот, и застанаа во Ахалагеј, спроти пустињата Моав, која е на исток.
12. Оттаму тргнаа и дојдоа во долината Заред;
13. оттука, кога тргнаа, се задржаа во оној дел од страната на Арнон, кој тече од пределите на Амореја, бидејки Арнон е границата на Моав, ме у Моав и Амореја.
14. Затоа е и речено во книгата за војните Господови: ‘го уништи Зоов, и потокот Арнон.‘
15. И по потокот ја изгради населбата Ир, која му припа а на Моав.
16. Оттука тргнаа кон еден извор, а тоа е оној кладенец, за кој Господ му рече на Мојсеја: ‘собери го народот и ке им дадам вода.‘
17. Тогаш Израилот ја запеа песната: ‘извирај, кладенец!‘
18. Пејте за кладенецот што го ископаа кнезовите, а народните водачи заедно со законодавецот го разрушија со жезлата свои. И од кладенецот тргнаа кон Мантанаил.
19. Од Мантанаил во Наадил, од Наадил, во Вамот,
20. а од Вамот за Напин, кој е во Моавската земја, од пресечениот врв, свртен со лицето кон пустињата.
21. И ги прати Мојсеј пратениците при Сион, аморејскиот, со предлог за мир, и да му кажат:
22. "Дозвои ни да минеме преку твојата земја; ке одиме по патот, нема да навлегуваме ни во селата, ни во лозјата, и нема а пиеме вода од твоите кладенци, а ке одиме по царскиот пат, додека да ги менеме пределите твои."
23. Но Сион не му дозволи на Израила да мине преку пределите негови; и го собра Сион целиот свој народ и излезе против Израилот во пустињата, и стигна до Јасан и се судри со Израилот.
24. И го порази Израил со меч и завладеа со земјата негова од Арнон до Јавок, дури до Аминовите синови, бидејки Јазир е амонитски предел.
25. И ги зазеде Израил сите тие градови, и се насели Израилот во сите аморејски градови, во Есевон и во сите нему потчинети;
26. зашто Есевон беше град на аморејскиот цар Сион, кој војуваше против поранешниот моавски цар и ја беше одзел од рацете негови целата земја негова од Ароир дури до Арнон.
27. Затоа велат писателите: дојдете во Есевон, нека се изгради и утврди градот Сион;
28. бидејки оган излезе од Есевон, пламен од градот Сионов и изгоре дури до Моав и ги проголта столбовите арнаитски.
29. Тешко тебе, Моаве, изгинаа лу ето Хамосови, синовите негови ги заробија, и керките му станаа робинки на аморејскиот цар Сион.
30. И семето нивно се затре од Есевон дури до Девон, и жените нивни, кои изгореа од оган кај Моав.
31. И се насели Израилот во Аморејската земја.
32. И испрати Мојсеј да го разгледаат Фазир, па го зазедоа него и селата негови, и ги изгонија Аморејците што живееја таму.
33. Тогаш се повратија и појдоа кон Васан. И излезе против нив васанскиот цар Ог, самиот тој и целиот народ негов, за да се судри со нив кај Едраин.
34. И му рече Господ на Мојсеја: "Не бој се од него, зашто Јас ке ти го предадам во рацете твои наго и целиот народ негов и целата земја негова, и ке постапиш со него, онака како што постапи со аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон."
35. И го порази него и синовите негови и целиот народ негов, така што ниеден од нив не остана жив; и ја наследија земјата негова.

  Numbers (21/36)