Numbers (20/36)  

1. Тогаш синовите Израилеви, целото општество, дојдоа во пустињата Син во првиот месец, и народот се задржа во Кадес; таму умре Маријам, каде што беше и погребана.
2. За народот немаше вода, и тие застанаа пред Мојсеја и Арона;
3. и роптаа против Мојсеја и велеа: "О, да бевма умреле и ние тогаш, кога умреа нашите брака пред Господа!
4. Зошто го доведовте народот Господов во оваа пустиња, па да изумреме тука ние и добитокот наш?
5. И зошто не‘ изведовте од Египет, па не‘ доведовте на ова лошо место, каде што не може да се сее, каде што нема ни смокви, ни лозја, ни јаболка, дури ни вода за пиење?"
6. Тогаш Мојсеј и Арон се повлекоа од народот, кон влезот од скинијата на сведоштвото, и паднаа ничкум, и им се јави славата Господова.
7. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
8. "Земи го жезалот свој и собери го народот, ти и братот твој Арон, и пред очите нивни кажете и‘ на карпата пред нив и таа ке пушти од себе вода: и така, ти ке им дадеш вода од карпата и ке го напоиш народот и добитокот негов."
9. Го зеде Мојсеј жезалот што е пред Господа, како што му заповеда Он.
10. И го собраа Мојсеј и Арон народот кај карпата и тој им рече: Чујте ме, непокорници, зар може од оваа карпа да ви извадиме вода?"
11. И ја крена Мојсеј раката своја и удри двапати на карпата со жезалот свој, и потече многу вода, и народот се напи, а и добитокот негов.
12. И им рече Господ на Мојсеја и Арона: "Поради тоа што не Ми поверувавте, и не ја пројавивте Мојата светост пред очите на синовите Израилеви, вие нема да го воведете тој народ во земјата, која Јас му ја давам."
13. Тоа е водата кај која синовите Израилеви возроптаа пред Господа, и Он се освети пред нив,
14. и испрати Мојсеј пратеници од Кадес до едомскиот цар за да му кажат: "Вака вели братот твој Израил: ти ги знаеш сите тешкотии, што не‘ снајдоа;
15. татковците наши слегоа во Египет, и ние живеевме во Египет долго време, и Египтјаните лошо постапуваа со нас и со татковците наши;
16. и повикавме кон Господа, и Он го чу нашиот глас, па испрати Ангел, и не‘ изведе од Египет; и ете, ние сме сега во Кадес, град до самите твои предели.
17. Дозволи ни да минеме преку твојата земја: нема да одиме преку села, ниту преку лозја, и нема да пиеме вода од потоците твои: туку ке одиме по царскиот пат, и нема да скршнуваме ни десно, ни лево, додека да ги менеме твоите предели."
18. Но Едом им рече: "Не минувај преку мене, зашто со војската ке излезам против тебе."
19. И му рекоа синовите Израилеви: "Kе одиме покрај гората, и ако пиеме од водата твоја, јас и добитокот мој, ке платиме за неа; но нема да има никаква штете, зашто покрај гората ке минеме."
20. Но тој рече: "Не минувај преку мене!" И Едом излезе против него со многуброен народ и со силна рака.
21. И така, Едом не се согласи да му дозволи на Израилот да мине преку неговите предели. И Израил се повлече од него.
22. И се кренаа синовите Израилеви од Кадес, и целиот народ стигна до планината Ор.
23. И им рече Господ на Мојсеја и Арона на планината Ор, близу до пределите на Едомската замја, велејки:
24. "Нека умре Арон при народот свој, зашто тој нема да велзе во земјата, која Јас им ја давам на синовите Израилеви, затоа што Ме огорчивте кај водата на расправија.
25. И земи го братот твој Арона и синот негов Елеазар, и искачи ги на планината Ор пред целиот народ;
26. и соблечи ја од Арона облеката негова и облечи го со неа синот негов Елеазар, и нека замине Арон и нека умре таму!"
27. И направи Мојсеј така, како што заповеда Господ. Тие се искачија на планината Ор пред очите на целото општество,
28. и ја соблече Мојсеј облеката од Арона и го облече со неа синот негов Елеазар. И умре таму Арон на врвот од планината, А Мојсеј и Елеазар слегоа од планината.
29. И целото општество виде дека Арон умре, целиот Израилев дом плачеше по Арона триесет дена.

  Numbers (20/36)