Numbers (2/36)  

1. И им рече Господа на Мојсеја и Арона, велејки:
2. "Синовите Израилеви треба да се распоредат секој според својот чин, според знамето на домот свој, наоколу треба да се настанат синовите Израилеви пред Господа, околу скинијата на сведоштвото.
3. Најнапред, на исток, ке се настани полкот Јудин со војниците свои, и началникот на Јудините синови Наасон, синот Аминадавов.
4. Силата на неговата војска изнесува седумдесет и четири иљади и шестотини војници.
5. По него да се распореди племето Исахарово, и началникот на Исахаровите синови Натанаил, синот Согаров,
6. чија сила е изброена на педесет и четири иљади и четиристотини војници.
7. Близу потаму да се смести племето Завулоново, и началникот на синовите Завулонови Елиав, синот Хелонов;
8. бројот на неговите доброволци изнесува педесет и седум иљади и четиристотини.
9. Сите изброени во Јудиновиот логор се сто и осумдесет и шест иљади и четиристотини; тиа први да тргнат.
10. Кон југ да биде распореден Рувимовиот полк со војската и началникот на синовите Рувимови Елисур, синот Седиуров;
11. бројот на неговите војници, влезени во пребројувањето негово, е четириесет и шест иљади и петстотини.
12. До него да се настани племето Симеоново, и началникот на синовите Симеонови Саламиил, синот Сурисадаев;
13. а неговите војници изброени беа педесет и девет иљади и триста.
14. Потоа да се насели племето Гадово, и началникот на синовите Гадови Елисаф, синот Рагуилов;
15. неговите доброволци беа на број четириесет и пет иљади и шестотини и педесет.
16. Сета сила влезена во пребројувањето на Рувимовиот полк изнесува сто и педесет и една иљада и четиристотини и педесет; тие втори да појдат.
17. Кога ке се крене скинијата на сведоштвото, населбата на левитите да биде во средината на другите населби. Како што се разместени, така и да одат, секој на своето место според чинот свој.
18. Кон морето да биде населбата на Ефремовиот полк со војската негова, и началникот на синовите Ефремови, Елисам, синот Емиудов,
19. а неговите војници изброени, се четириесет иљади и петстотини.
20. До него да се смести племето Манасиево, и началникот на синовите Манасиеви Гамалиил, синот Фадасуров,
21. со неговите доброволци, кои се триесет и две иљади и двесте.
22. Птота да се смести бризу до племето Венијаминово, и началникот на синовите Венијаминови Авидан, синот Гадеониев,
23. заедно со неговите војници, чиј број е триесет и пет иљади и читиристотини.
24. Сите изброени војници од Ефремовата населба се сто и осум иљади и сто; тие трети да поа аат.
25. Кон север да биде населбата на Дановата војка, и началникот на синовите Данови Ахиезер, синот Амисадаев,
26. и неговите војници, чиј број изнесува шеесет и две иљади и седумстотини.
27. А до него да се смести племето Асирово, и началникот на синовите Асирови Фагаил, синот Ехранов,
28. заедно со неговите војници на број, четириесет и една иљада и петстотини.
29. Потаму да се настани племето Нафталимово, и началникот на синовите Нафралимови Ахиреј, синот Енанов,
30. и неговите педесет и три иљади и четиристотини доброволци."
31. Сите, влезени во пребројувањето на Дановит полк, се сто и педесет и седум иљади и шестотини; тие последни да се креваат според чинот свој.
32. Сите изброени синови Израилеви според домовите нивни се шестотини и три иљади и петстотини и педесет.
33. А левитите не се вброени со синивите на Израилот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
34. И направија синовите Израилеви се‘ што му беше заповедал Господ на Мојсеја; така се распоредија според чиновите свои, и така одеа секој според племето свое, според домовите свои.

  Numbers (2/36)