Numbers (18/36)  

1. И му рече Господ на Арона: "Ти и синовите твои и татковиот ти дом заедно со тебе, понесете го врз себе гревот за немарноста во светилиштето; и ти и синовите твои заедно со тебе ке го понесете врз себеси гревот за свештенодејствието свое.
2. Земи ги кај себе браката твои, од племето Левиево од родот на таткото твој; нека бидат тие кај тебе и нека ти служат, а ти и синовите твои заедно со тебе бидете кај скинијата на сведоштвото;
3. и да пазат на тебе и на скинијата; само да не се доближуваат до светите сосуди и до жртвеникот, за да не умрете и вие, и тие.
4. Нека бидат тие при тебе и да ја чуваат скинијата на сведоштвото, и на сите работи во скинијата; а човек надворешен да не пристапува кон тебе.
5. Така пазете го светилиштето и жртвеникот, за да нема во иднина гнев против синовите Израилеви;
6. зашто вашите брака, левитите, Јас ги зедов ме у синовите Израилеви и ви ги дадов вам како дар што Му е даден на Господа, за да служат при скинијата на сведоштвото;
7. а ти и синовите твои заедно со тебе пазете го свештенството свое со се‘ што принадлежи на жртвеникот; Јас ви подарувам служба свештена, а надворешен кој ке се доближи, да биде убиен."
8. И му рече Господ на Арона: "Ете, Јас ти ги давам првините за возношение, од сите осветени дарови за Мене, додека од синовите Израилеви, тебе ти ги давам и на синовите твои преку вечна наредба.
9. Ова нека биде ваше: од Свјатаја Свјатих, од сите нивни дарови, од сите нивни жртви, и од се‘ поради престап, и од се‘ поради грев; од се‘ што Ми принесуваат Мене, од сите осветени дарови: тоа нека биде за тебе и за синовите твои.
10. Тоа да го јаде секој; од машки пол може да го јаде; тоа да ти беде свето.
11. И ова да биде ваше - од првините што се принесуваат, од се‘ што се вознесува од синовите Израилевни преку вечен закон ти го дадов тебе, и на синовите твои, и на керките твои заедно со тебе, секој чист во куката твоја може да јаде од тоа.
12. Секоја првина од елеј, секоја првина од вино и од пченицата, - сите првини, што тие Му ги принесуваат на Господа, твои да се;
13. и сите првини од плодовите на земјата нивна, што Му ги принесуваат на Господа, твои нека бидат; секој чист од куката твоја може да го јаде тоа.
14. Се‘ ште е осветено во земјата Израилева, да биде твое.
15. И се‘ она, што ја отвора утробата во секоја плот, а се принесува на Господа, од лу е и добиток, да биде твое: само првородените од лу ето се откупуваат за избавување, и првороденото од нечист добиток да биде откупено.
16. А откупот им е: кога ке почнеш од еден месец нагоре, според оценката твоја, земај откуп пет сикли сребрени, според свештената сикла, која има дваесет бакреници;
17. но за првороденото теле и за првороденото од овците и за првороденото од козите не земај откуп: тие се свети; со крвта нивна пороси го жртвеникот, а лојот принеси го како жртва за благопријатен мирис на Господа,
18. а месото нивно, пак, ти припа а тебе, како што ти припа аат градите за возношение и десната плешка."
19. Сите вознесувани свети дарови кои синовите Израилеви Му ги принесуваат на Господа, преку вечно озаконување ти ги давам тебе и на синовите твои и на керките твои заедно со тебе; тоа е завет скап, вечен пред Господа, даден за тебе и за потомството твое заедно со тебе.
20. И му рече Господ на Арона: "Од земјата нивна ке немаш наследство и дел нема да имаш ме у нив, бидејки Јас сум твојот дел и твоето наследство ме у синовите Израилеви.
21. А на Левиевите синови, ете, Јас им дадов како дел десеток од се‘, што има Израилот, за службата нивна, што ја вршат во скинијата на сведоштвото.
22. И по сево ова синовите Израилеви да не пристапуваат до скинијата на сведоштвото, за да не згрешат и да не умрат.
23. Левиевите сами нека ја вршат службата во скинијата на сведоштвото и да го носат врз себе нивниот грев. Тоа е вечно озаконување во поколенијата ваши; но ме у синовите Израилеви тие нема да добиваат дел;
24. бидејки на левитите им го давам како дел десетокот од синовите Израилеви, кој тие го принесуваат за возношение пред Господа, затоа и им реков: ме у Израилевите синови тие нема да наследуваат дел."
25. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
26. "Кажи им на левитите и речи им: ‘кога го земате од синовите Израилеви десетокот, кој ви го дадов од нив во дел, затоа вознесувајте Му од него возношение на Господа, од десетокот десеток, -
27. и тоа веше возношение ке ви се прими како жито од гумното и како дел од течноста;
28. така и вие вознесувајте Му вознешение на Господа, од сите ваши десетоци, што ги земате од синовите Израилеви, и давајте го осветениот дар од нив за возношение Господово на свештеникот Арон.
29. Од се‘ што ви се дарува, принесувајте на Господа, од секоја првина што се осветува од него.‘
30. И кажи им: ‘кога ке принесувате жртви тоа ке им се смета за левитите какодар од гумно и дел од течност.‘
31. Можете да го јадете тоа не секое место, вие и синовите ваши и домашните ваши, зашто тоа ви е награда за вашата служба во скинијата на сведоштвото;
32. и нема да погрешите ако ги принесувате првините од тоа; и не осквернувајте ги даровите за осветување од синовите Израилеви, за да не умрете."

  Numbers (18/36)