Numbers (17/36)  

1. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
2. "Кажи им на синовите Израилеви и земи од нив по еден жезал од колено, по еден жезал од секој нивни кнез, дванаесет жезла, и името на секој напиши го на жезалот;
3. Ароновото име напиши го на Левиевиот жезал, зашто тие треба да дадат еден жезал, според племето на нивниот род,
4. и стави ги во скинијата на сведоштвото, пред ковчегот на откровението, каде што ви се јавувам;
5. и кого Јас ке го одберам, и неговиот жезал ке го расцутам; и така ке го отстранам ропотот на синовите Израилеви, што го креваат против вас."
6. И им рече Мојсеј на синовите Израилеви, и сите началници нивни им дадоа, од секој началник по еден жезал, дванаесет жезла, според кнежествата свои и родовите нивни; и Ароновиот жезал беше ме у жезлата нивни.
7. Тогаш Мојсеј ги постави жезлата пред лицето Господово во скинијата на сведоштвото.
8. На врориот ден влезе Мојсеј и Арон во скинијата на сведоштвото, и ете, Ароновиот жезал, од Левиевиот дом, беше потерал, пуштил гранчиња, процутил и родил ореви.
9. И ги изнесе Мојсеј сите жезли од лицето Господово пред сите синови Израилеви; и тие го видоа тоа и секој си го зеде својот жезал.
10. И му рече Господ на Мојсеја: "Постави го пак Ароновиот жезал пред ковчегот на откровението да се чува, како претсказание за непокорените, па ропотот против Мене да престане и тие да не изумрат."
11. И Мојсеј и Арон направија така, како што му заповеда Господ на Мојсеја, така направија.
12. И му рекоа синовите Израилеви на Мојсеја: "Ете, ние се требиме, гинеме, исчезнуваме;
13. секој, што се приближува кон скинијата на сведоштвото Господово, умира: дали ке изумреме така сите?"

  Numbers (17/36)