Numbers (16/36)  

1. Кореј, синот на Исар, синот Каатов, синот Левиев, Датан и Авирон, синовите на Елиав, и Авнан, синот на Фалет, синови Рувимови,
2. востанаа против Мојсеја заедно со двесте и педесет мажи од синовите Израилеви, началници на народот, повикувани на собранието, мажи познати.
3. И се собраа против Мојсеја и Арона и им рекоа: "Доста ви е толку; целото општество, сите се свети, и ме у нив е Господ! А вие зошто се поставувате погоре од народот Господов?"
4. Кога го чу тоа, Мојсеј падна ничкум
5. и му кажа на Кореја и на сите негови соученици, велејки: "Утре ке покаже Господ, кој е Негов, и кој е свет, за да го приближи кон Себеси; и кого Он ке го избере, него и ке го доближи до Себеси.
6. Еве што ке направи: Кореј и сите негови соучесници, земете си ги кадилниците
7. и утре ставете во нив оган и сипете во нив темјан пред Господа; кого Господ ке го избере, тој и ке биде свет. Доста ви е толку Левиеви синови!"
8. И му рече Мојсеј на Кореја: "Чујте Левиеви синови!
9. Малку ли ви е тоа, што Бог Израилев ве оддели од Израилевото општество и ве приближи кон Себеси, за да служите при скинијата Господова и да стоите пред народот Господов, служејки за нив?
10. Он те приближи тебе и заедно со тебе сите твои брака, Левиеви синови, а вие барате уште и да свештенодејствувате.
11. И така, ти и целата твоја дружина сте се собрале против Господа. Што е Арон, па негодувате против него?
12. Мојсеј испрати да го повикаат Датана и Авирона, Елиавовите синови. Но тие рекоа: "Нема да одиме!
13. Малку ли ти беше, што не‘ изведе од земјата, каде што тече мад и млеко, за да не‘ погубиш во пустињата, а сакаш уште и да господариш над нас; си станал кнез.
14. Не‘ воведе ли во земјата, каде што тече мед и млеко, и ни даде ли да владееме ниви и лозја, или сакаш да им ги изведиш очите на тие лу е? Нема да одиме!"
15. Мојсеј се јадоса многу, и Му рече на Господа: "Не свртувај го погледот Свој кон нивниот принос; на никого од нив не сум му зел осел, никому од нив не сум му направил зло."
16. И му рече Мојсеј на Кореја: "Утре ти и целиот твој народ застанете пред лицето Господово, ти и Арон, и другите,
17. па секој нека ја земе кадилницата своја, и ставете во нив темјан, и донесете ја пред лицето Господово секој својата кадилница - двесте и педесет кадилници; и ти и Арон, секој својата кадилница."
18. И сите ги зедоа своите кадилници, ставија во нив оган, ставија во нив темјан, и застанаа при влезот од скинијата на сведоштовото; исто така и Мојсеј и Арон.
19. И Кореј ги собра против нив целото општество при влезот од скинијата на сведоштвото. И славата Господова се јави пред целото општество.
20. И им рече Господ на Мојсеја и Арона, велејки:
21. "Секој од вас нека се истави од тие лу е, и во еден миг ке ги истребам."
22. А тие паднаа ничкум и рекоа: "Боже, Боже на духовите и на секоја плот! Еден човек згреши, а Ти на целото општество ли се гневиш?"
23. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
24. "Кажи му на народот: отстапете наоколу од живеалиштата на Кореја, Датана и Авирона!"
25. И стана Мојсеј и отиде кај Датана и Авирона, и по него отидоа и старешините Израилеви.
26. И му рече на народот: "Тргнете со од шаторите на тие лу е со жестоко срце и не се допирајте до ништо нивно, за да не загинете заедно со нив во сите нивни гревови!"
27. Тие се тргнаа наоколу од живеалиштата на Кореја, Датана и Авирона; а Датан и Авирон излегоа и застанаа пред вратите на шаторите свои и жените нивни, и децата нивни, и стоката нивна!
28. Тогаш Мојсеј рече: "Во ова ке познаете, дека Господ ме испрати да ги извршам сите овие дела, а не го правам тоа сам од себеси.
29. Ако умрат тие, како што умираат сите лу е, и ги стигне таква казна, каква што ги стигнува сите лу е, тоа тогаш Господ не ме пратил;
30. но, ако Господ изврши нешто необично, и земјата ја отвори устата и ги голтне и домовите нивни, и куките нивни и се‘ што има кај нив, и тие слезат живи во адот, тогаш уверете се, дека овие лу е Го разгневиле Господа."
31. Штом ги изговори тие зборови, земјата се распука под нивните нозе,
32. и земјата ја отвори устата своја и ги голтна нив и домовите нивни, и сите лу е заедно со Кореја и добитокот нивни,
33. и тие слегоа живи во адот со се‘ што беше нивно, и земјата го покри, и нив ги снема од средината на општеството.
34. Сите Израилци, што беа околу нив, се разбегаа од нивното викање, за да не не‘ голтне, велеа тие, и нас - земјата.
35. Оган излезе од Господа и ги изгори оние двесте и педесет мажи, што беа принеле темјан.
36. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
37. "Кажи му на Елеазара, синот на свештеникот Арон, да ги собере бакарните кадилници на изгорените и ту иот оган да го исфрли, бидејки се осветија преку нивната смрт,
38. и да се сплескаат како листови за оковување на жртвеникот, зашто тие ги донесоа пред лицето Господово, а затоа се осветија; и тие ке бидат опомена за синовите Израилеви."
39. Тогаш Елеазар, синот на свештеникот Арон, ги зеде бакарните кадилници, што ги беа донеле изгорените, и ги сплеска на листови за оковување на жртвеникот,
40. за да помнат синовите Израилеви, па никој надворешен, кој не е од Ароновото семе, да не принесува темјан пред Господа, за да не стане и со него она, што стана со Кореја и соучесниците негови, како што му беше рекол Господ преку Мојсеја.
41. На вториот ден целото општество на синовите Израилеви возропта против Мојсеја и Арона и рече: "Вие го уништивте народот Господов."
42. И кога се собра народот, нападна на Мојсеја и на Арона, тие погледаа кон скинијата на сведоштвото,
43. и ете, ја покри облак, и славата Господова се јави. И влегоа Мојсеј и Арон во скинијата на сведоштвото.
44. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
45. "Отстранете се од тоа општество и Јас во еден миг ке ги погубам!" Но тие паднаа на колена.
46. И му рече Мојсеј на Арона: "Земи ја кадилницата, стави во неа оган од жртвеникот, сипи темјан и носи го тоа што поскоро кај народот и помоли се за нив, зашто гнев излезе од лицето на Господа, и почна да ги погубува лу ето.
47. И зеде Арон, како што рече Мојсеј, и се најде кај народот, и ете почна помор ме у народот. И тој исипа темјан и се помоли за народот:
48. застана ме у мртвите и живите, и смртта престана.
49. Изумреа од поморот четиринаесет иљади и седумстотини души, освен умрените по делото на Кореја.
50. Тогаш Арон се врати кај Мојсеја, при влезот од скинијата на сведоштвото, откако престана поморот.

  Numbers (16/36)