Numbers (15/36)  

1. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
2. "Кажи им на синовите Израилеви и речи им: ‘Кога ке влазете во земјата, во која ке живеете и која ви ја давам,
3. и почнете да принесувате на Господа сепаленици, или жртви заклани, или по завет, или од сесрдност, или во текот на празниците ваши, нека биде со пријатен мирис пред Господа, тоа да биде жртва од стадата на говедата или од овците ваши;‘
4. тогаш оној, кој ја принесува жртвата на Господа, треба да принесе и дар принос на Господа од една десетина ефа пченично брашно, измешано со четврт ин елеј;
5. и вино за прелив принесувај по чеврт ин за сепаленица, или приклана жртва: по едно јагне за благопријатен мирис пред Господа.
6. И овен кога принесувате за сепаленица, принесувајте и жртва, принос две десетини ефа пченично брашно, измешано со една третина ин елеј;
7. и вино за прелив принеси една третина ин за благопријатен мирис пред Господа.
8. Ако принесувате сепаленица од говедата, или клана жртва, за да ти е молитвата поусрдна пред Господа, или жртва за спасение,
9. тогаш заедно со телето принесете и принос три десетини ефа пченично брашно, измешано со половина ин елеј,
10. и вино за прелив принесете половина ин како жртва, за благопријатен мирис пред Господа.
11. Така прави при секој принос на теле, на овен, и на јагне од овците или од козите;
12. според бројот на жртвите, што ги принесувате, така правете при секоја од нив, според бројот нивни.
13. Секој тукашен така треба да прави, кога сево ова го принесува како жртва за благопријатен мирис пред Господа;
14. и кога ме у вас има придојден или кој и да било ме у вас во редовите ваши, и принесе жртва за благопријатен мирис пред Господа, и тој треба да прави така, као што правите вие;
15. за вас, народот Господов, и за придојдениот, кој живее ме у вас, наредбата да биде една, наредбата вечна во редовите ваши: што сте вие, тоа да биде и придојдениот пред Господа;
16. еден закон и еднакви права да бидат за вас и за придојдениот, кој живее ме у вас."
17. Му рече уште Господ на Мојсеја, велејки:
18. "Кажи им на синовите Израилеви и речи им: кога ке влезете во земјата, во која ве водам,
19. и ке почнете да јадете леб од таа земја, оставете и дел за Господа;
20. од првините на тестото принесете; леб принесете од гумното.
21. Така одвојувајте го лебот, првина на тестото ваше и принесувајте Му на Господа во родовите ваши.
22. Ако погрешите и не ги исполнувате сите тие заповеди, кои Господ му ги кажа на Мојсеја,
23. се‘ она, што ви заповеда Господ Бог преку Мојсеја, од денот, кога Господ ви заповеал, и за во иднината во родовите ваши,-
24. ако грешката е направена неволно од народот, тогаш целото општество нека принесе едно теле без недостаток за сепаленица, за благопријатен мирис на Господа, заедно со тоа и принос за прелив, според наредбите, и едно јаре од козите - жртва за грев.
25. И свештеникот да се помоли за целото општество на синовите Израилеви, и ке им се прости, зашто тоа било грешка, и тие принеле свој дар на Господа, жртва за грев пред Господа, поради своето незнаење.
26. И ке му биде простено на целото општество на синовите Израилеви и на придојдениот, кои живее ме у нив, зашто целиот народ го направил тоа поради незнаење.
27. Ако некој сам згреши поради несакање, нека принесе едногодишна коза заради својот грев.
28. И свештеникот да се помоли за таа душа, која не сакајки направила пред Господа грев, и таа ке биде очистена и ке и‘ биде простено.
29. Еден закон да биде за вас, како за жителите од синовите Израилеви, така и за придојдениот, кој живее ме у вас, кога некој ке погреши не сакајки.
30. Ако некој од тукашните или придојдените изврши нешто со дрска рака, тој хули на Господа; да се истреби таа душа од народот свој,
31. зашто тој го презрел зборот на Господа и ја нарушил заповедта Негова, да биде истребена таа душа; гревот нејзин да биде врз неа."
32. Кога синовите Израилеви беа во пустињата, најдоа еден, како собира дрва во саботен ден;
33. и оние, што го најдоа, како собира дрва во саботен ден, го приведоа кај Мојсеја и Арона и кај целото општество на синовите Израилеви;
34. и го затворија, бидејки уште не беше решено, што да се прави со него.
35. И му рече Господ на Мојсеја: "Тој човек треба да умре; целото општество да го убие со камења надвор од населбата."
36. Тогаш целото општество го изведе надвор од населбата, и го убија со камења, и тој умре, како што му заповеда Господ на Мојсеја.
37. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
38. "Објави им на синовите Израилеви и кажи им да си прават реси по полите на своите облеки во поколенијата свои, и во ресите, што се по полите, да влегуваат нишки од сина пре а,
39. и тие да ви бидат на ресите, па, кога ги гледате, да се спомните на сите заповеди Господови и да ги извршувате и да не се развратувате по срцето свое и очите ваши, со кои се заблудувате.
40. Да ги помните и извршувате сите Мои заповеди и да бидете свети пред вашиот Бог.
41. Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве изведе од Египетската земја, за да ви бидам Бог. Јас сум Господ, Бог ваш."

  Numbers (15/36)