Numbers (13/36)  

1. Потоа народот тргна од Асирот и се размести во шатори, во пустињата Фаран.
2. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
3. "Испрати од себе лу е да ја разгледаат Хананската земја, која Јас им ја давам на синовите Израилеви во владение: по еден човек од секое племе според домовите нивни; испрати ги сите нивни старешини!"
4. Тогаш Мојсеј ги испрати од пустињата Фаран, по заповед Господова, и тие сите беа мажи, старешини на синовите Израилеви.
5. Еве ги имињата нивни: од Рувимовото племе - Самуил, Захуровиот син;
6. од Симеоновот племе - Сафат, Суриевиот син;
7. од Јудиното племе - Халев, Јефониевиот син;
8. од Исахаровото племе - Игал, Јосифовиот син;
9. од Ефремовото племе Авсис Навиновиот син;
10. од Венијаминовото племе - Фалтиј, Рафувовиот син;
11. од Завулоновото племе - Гудиил, Судиевиот син;
12. од Јосифовото племе на синовите Манасиини - Гадиј, Сусиновиот син;
13. од Дановото племе - Амиил, синот на Гамалин;
14. од Асировото племе - Сатур, Михаиловиот син;
15. од Нефталимовото племе - Навиј, Савиновиот син;
16. од Гадовото племе - Гудиил, Махиловиот син.
17. Тоа се имињата на мажите, што ги испрати Мојсеј да ја разгледаат земјата. И го нарече Мојсеј Осија, Навиновиот син, Исус.
18. Ги испрати Мојсеј од пустињата Фаран, за да ја разгледаат Хананската земја и им рече: "Одете во онаа пустиња и качете се на гората,
19. и погледајте ја земјата каква е, и народот, што живее таму: силен ли е или е слаб, малуброен ли е или е многуброен;
20. и каква е земјата, каде што живее тој, добра ли е или лоша; и какви се градовите, во кои живее, - оградени ли се или не.
21. Каква е земјата, плодна ли е или не, има ли на неа дрвја или нема? Поткрепете се, па земете од плодовите на земјата." А тоа беше во пролет кога зреат јагодите.
22. Тие отидоа и ја разгледаа земјата од пустињата Син дури до Роов, близу до Емат;
23. и одејки по пустињата, тие стигнаа до Хеврон, каде што живееја Ахиман, Сесиј, и Теламин, од родот на Енах; а Хеврон беше изграден седум години порано од египетскиот град Танин;
24. и дојдоа до долината со лозја и ја разгледаа, и таму видоа прачка со еден грозд, ја пресекоа и обајцата ја понесоа на стап; зедоа и калинки и смокви;
25. тие го нарекоа тоа место лозова долина поради гроздот што го пресекоа таму синовите Израилеви.
26. И откако ја разгледаа земјата, се вратија по четириесет дена.
27. И кога пристигнаа и дојдоа кај Мојсеја и Арона и кај целото општество на синовите Израилеви во пустињата Фаран, во Кадес, тие му донесоа таму и на целиот народ одговор, и им ги покажаа плодовите од онаа земја;
28. и му раскажаа и рекоа: "Бевме во земјата, во која не‘ испрати; во земјата каде што тече мед и млеко, и еве ги плодовите нејзини;
29. но народот, што живее во таа земја, е силен, и градовите се укрепени со големи огради; таму го видовме и родот Енахов.
30. Амалик живее во јужниот дел на земјата, а Хетејците, Евејците, Јевусејците и Аморејците живеат по планината, Хананејците, пак, жиевеат крај морето и по брегот на Јордан."
31. Но Халев го успокојуваше народот пред Мојсеја, велејки: "Да идеме и да ја преземеме, зашто можеме да ја завладееме!"
32. А оние, што беа оделе заедно со него, рекоа: "Не можеме да одиме против тој народ, зашто е посилен од нас."
33. И протурија ужасни гласови ме у синовите Израилеви за земјата, што ја беа разгледале и велеа: "Земјата што ја изодивме, за да ја разледаме, е земја, која ги голта своите жители, и сите, што ги видовме на неа, се многу поголеми.
34. И таму видовме исполини, од родот Енахов; ние изгледавме пред нив како скакулци, такви бевме и во нивните очи."

  Numbers (13/36)