Numbers (12/36)  

1. Тогаш Маријам и Арон го прекоруваа Мојсеја поради жената Етиопјанка, што ја беше зел, зашто тој се беше оженил со Етиопјанка;
2. и рекоа: "Само на Мојсеја ли му зборува Господ? Не ни говореше ли Он и нам?" И Господ го чу тоа.
3. А Мојсеј беше најкроткиот човек ме у сите лу е на земјата.
4. И им рече Господ веднаш на Мојсеја, Арона и на Маријам: "Излезете вие тројца пред скинијата на сведоштвото!" Тие излегоа и тројцата.
5. И слезе Господ во облаков столб, застана при влезот од скинијата на сведоштвото, па го повика Арона и Маријам, и тие излегоа и двајцата.
6. И рече: "Чујте ги Моиве зборови: ако ме у вас има пророк Господов, Јас му се откривам во видение, на сон говорам со него;
7. не е така, ме утоа со Мојот слуга Мојсеј, - тој е верен на целиот Мој дом:
8. Јас говорам со него уста со уста, и јавно, а не преку гатање, и тој ја виде славата Господова; а вие како не се исплашивте да го прекорувате Мојот слуга Мојсеја?"
9. И се разгори гневот на Господа против нив, и Он си отиде.
10. Се повлече и облакот од скинијата, и ете, Маријам беше прокажена со лепра, бела како снег. Арон ја погледна Маријам, и, ете, таа е лепрозна.
11. И му рече Арон на Мојсеја: "Помоли Го Господа ова да не ни го смета за грев, бидејки не знаевме дака погрешивме;
12. не оставај таа да остане како мртвородено младенче, чие тело, кога излегува од мајкината утроба, до половина веке е гнило."
13. И се обрна Мојсеј кон Господа, велејки: "Боже, Ти се молам, исцели ја."
14. Му рече Господ на Мојсеја: "Ако татко и‘ ја беше плукал во лице, не ке требаше ли таа да се срамува седум дена! И така, таа да биде затворена седум дена надвор од населбата, а потоа пак да се врати."
15. И се одлучи Маријам да биде затворена надвор од логорот седум дена, и народот не тргна на пат, додека таа не се врати.

  Numbers (12/36)