Numbers (11/36)  

1. Народот почна гласно да мрмори пред Господа; и Господ чу, па Му се разгори гневот, и ме у нив пламна оган Господов и истреби еден дел од војската.
2. И повика народот кон Мојсеја; Мојсеј Му се помоли на Господа и огнот престана.
3. И го нарекоа тоа место "(оган)" тавера, зашто ме у нив беше пламнал оган Господов.
4. Продојдените ме у нив почнаа да негудуваат, а заедно со нив и синовите Израилени седнаа, плачеа и велеа: "Кој ке не‘ нахрани со месо?"
5. Ја опмниме рибата што ја јадевме како подарок во Египетската земја, краставиците и дињите, и кромидот, и празот, и лукот;
6. а сега душата наша се исушила: освен мана, ништо друго пред очите наши."
7. А маната прилегаше на кориандрово семе и изгледаше како кристал.
8. Народот одеше да ја собира и ја мелеше со рачници, и ја толчеше во вагани, и ја вареше во котли, па правеше од неа питки; по вкус тие личеа на питулици, приготвени со елеј
9. Кога ноке па аше роса врз логорот, тогаш па аше и мана врз него.
10. И чу Мојсеј дека народот плаче во колибите свои, секој пред вратата од шаторот свој; и гневот Господов силно се разгоре, и на Мојсеја му стана тешко.
11. И Му рече Мојсеј на Господа: "Зошто го озлоби Твојот роб и зошто не најдов јас милост пред очите Твои, па го стави врз мене целото бреме на овој народ?
12. Зар јас го зачнав во утробата своја овој народ, и зар јас го родив, па ми велиш: ‘носи го на раце, како што доилката го носи детето, до земјата, која Ти со клетва му ја вети на татковците негови?‘
13. Од каде при мене месо, па да им дадам на сите овие лу е, оти тие плачат пред мене и велат: ‘дај ни месо да јадеме.‘
14. Јас сам не можам да го водам сиот овој народ, зашто таа заповед е тешка за мене.
15. Штом така постапуваш со мене, подобро убиј ме ако сум добил милост пред Твоите очи, па да не ја гледам невољата своја."
16. И му рече Господ на Мојсеја: "Собери ми седумдесет мажи од старците ме у старешините Израилеви, за кои знаеш дека се негови старешини и надзиратели, па доведи ги кај скинијата на сведоштовото, за да застанат таму заедно со тебе.
17. Јас ке слезам и ке зборувам таму со тебе, ке земам од Духот, Кој е во тебе, и ке им наредам ним, да го носат заедно со тебе товарот на народот, а не ти сам да го носиш.
18. А на народот кажи му: ‘очистете се за утрешниот ден, и ке јадете месо; зашто плачете пред Господа велејки: - кој ке не нахрани со месо; добро ни беше во Египет, - затоа Господ ке ви даде месо, и ке јадете месо;
19. ке јадете не ден, не два, не пет дена, не десет и не дваесет дена,
20. но цел месец ке јадете, додека не ви излезе од ноздрите и не ви омрзне, затоа што го презревте Господа, Кој што е ме у вас, и плачете пред Него, велејки: - што ни требаше да излегуваме од Египет?"
21. И рече Мојсеј: "Шестотини иљади пешаци има во тој народ, ме у кои сум и јас, а Ти велиш: Јас ке им дадам месо, и ке јадат цел месец!
22. зар треба да се заколат сите овци и волови, па да им биде доволно, или ке се собере сета морска риба, па да ги задоволи?"
23. И му рече Господ на Мојсеја: "Зар е раката Господова кратка: сега ке видиш, ке се оствари ли зборот Мој кон тебе, или не.:
24. Мојсеј излезе и му ги кажа на народот зборовите Господови, и собра седумдесет постари мажи ме у старешините народни и ги постави околу скинијата.
25. И Господ слезе во облак и говореше со него, и зеде од Духот, Кој беше над него, и им даде на седумдесетте мажи старешини. И кога слезе над нив Духот, тие почнаа да пророкуваат, но потоа престанаа.
26. Двајца од мажите беа останале во логорот; името на едниот му беше Елдад, а на другиот - Модад; но и над нив беше слегол Духот, тие беа ме у запишаните, само што не излегоа при скинијата, но и тие пророкуваа во логорот.
27. Дотрча едно момче и му јави на Мојсеја, и рече: "Елдад и Модад пророкуваат во логорот."
28. Во одговор на тоа Исус син Навинов, служител на Мојсеја, еден од избраниците негови, рече: "Господаре мој, Мојсеју, забрани им!"
29. Но Мојсеј му рече: "Зар завидуваш поради мене? О, да беа сите од народот Господов пророци, и да им го испратеше Господ Својот Дух!"
30. Тогаш Мојсеј се врати во логорот, тој и старешините Израилеви.
31. Потоа ветар дувна од Господа, и донесе откај морето потполошки и ги натрупа околу логорот на еден ден пат од едната страна и на еден ден пат од другата страна околу логорот, речиси до два лакта од земјата.
32. Се крена народот, и целиот оној ден и цела нок и целиот иден ден се собираа потполошки; и оној, кој малку собираше, и тоја набра десет гомери: и си ги наредија околу логорот да се сушат.
33. Месото беше уште во нивните заби и уште не беше изедено, и се разгоре гневот Господов против народот, и Господ го порази народот со мошне голем пораз.
34. И го нарекоа тоа место: гробишта на алчноста, зашто таму го погребаа народот, што се покажа алчен.
35. И се кренаа лу ето од гробиштата на алчноста, па појдоа за Асирот, и во Асирот се сместија.

  Numbers (11/36)