Numbers (10/36)  

1. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
2. "Направи си две сребрени труби, ковани направи ги, за да ти служат да го собираш народот и да ги креваш полковите.
3. А кога ке затрубиш со нив, да се собере кај тебе целото општество пред влезот од скинијата на сведоштвото.
4. Кога ке се затруби со едната труба, да дојдат кај тебе кнезовите и војводи Израилеви.
5. Кога ке затрубите за поа ање, да се кренат оние полкови, што се сместени кон исток.
6. Кога ке затрубите по вторпат за поа ање, тогаш да се кренат полковите, што се сместени кон југ; штом ке затрубите по третпат за поа ање, нека се кренат полковите што се настанети кон морето; кога по четврти пат ке дадете знак, да се кренат полковите, што се настанети кон север; да се труби кога се тргнува на пат.
7. Кога, пак, се свикува собранието, трубете, но не со знак.
8. Со трубите да трубат Ароновите синови, свештениците: тоа да ви биде вечен закон во родовите ваши.
9. И кога ке се кренете да ја браните земјата ваша од непријателот, кој оди против вас, трубете со знак, и Господ, Бог ваш, ке си спомни за вас, и вие ке се избавите од непријателите ваши.
10. И во деновите на веселбата ваша, и во празниците свои, и во новомесечијата свои трубете за сепаленица, а при жртвите ваши за спасение, - и тоа да биде секавање пред вашиот Бог: Јас сум Господ, Бог ваш."
11. На втората година, во вториот месец, на дваесеттиот ден од месецот, облакот се крена од скинијата на сведоштвото.
12. Тогаш синовите Израилеви појдоа од Синајската пустиња со имотите свои, и облакот застана во пустињата Фаран.
13. И се кренаа тие за првпат, по заповед на Господа, дадена преку Мојсеја.
14. Прво беше кренато знамето, што беше во полето на синовите Јудини, според доброволците нивни; над војската Јудина беше Наасон, Аминадавовиот син;
15. над војската од племето на синовите Исахарови беше Натанаил, Согаровиот син;
16. над војската од племето на синовите Завулонови беше Елиав, Хелоновиот син;
17. И се кренаа синовите Гирсонови и синовите Мерариеви, кои ја носеа скинијата.
18. А беше кренато и знамето во полкот на синовите Рувимови со нивната војска; и над војската Рувимова беше Елисур, Седиуровиот син;
19. а над војската од племето на синовите Симеонови беше Саламиил, Сурисадаевиот син;
20. над војските, пак, од племето на синовите Гадови беше Елисаф, Рагуилов син.
21. Потоа тргнаа Каатовите синови, носејки го светилиштето; и скинијата ја поставуваа онде, каде што пристигнуваа.
22. И се крена знамето во полкот на синовите Ефремови со војската негова; и над војската Ефремова беше Елисам, Емиудовиот син;
23. а над војската од племето на синовите Манасиеви беше Гамалиил, Фадасуровиот син;
24. над војската пак, од племето на синовите Венијаминови беше Авидан, Гадеониевиот син.
25. Последно ме у сите полкови беше кренато знамето во полкот на синовите Данови со војската нивна; и над војската Данова беше Ахиезер, Амисадаевиот син;
26. а над војската од племето на синовите Асирови беше Фагаил, Ехрановиот син.
27. над војската пак, од племето на синовите Нефталимови беше Ахиреј, Енановиот син.
28. Тоа се полковите на синовите Израилеви со војските нивни. И тргнаа.
29. И му рече Мојсеј на Јовав, Рагуиловиот син, Мадијамецот, Мојсеевиот тест: "Ние одиме во она место, за кое Господ рече: ‘вам ке ви го дадам.‘ Дојди со нас, ке ти направиме добро, зашто Господ вети многу добрини за Израилот."
30. Но тој му одговори: "Нема да дојдам; ке отидам во земјата своја, при родот свој ке појдам."
31. А Мојсеј му рече: "Не оставај не‘, зашто ти беше со нас во пустињата, и при нас ке бидеш старешина.
32. Ако појдеш со нас, оние добра, што Господ нам ке ни ги направи, ке ти ги направите и ние тебе."
33. И изминаа од планината Господова три дена пат, и ковчегот на заветот Господов одеше пред нив на три дена пат, за да им одбере место, каде да се сместат.
34. И облакот Господов ги осенуваше дење, кога тргнуваа од логорот.
35. Кога ковчегот се креваше за пат, Мојсеј велеше: "Стани, Господи, за да се растурат Твоите непријатели, и да избегаат од Твоето лице оние, што Те мразат!"
36. А кога ковчегот се запираше, тој велеше: "Врати се, Господи, кај иљадите и десетиците иљади Израилеви!"

  Numbers (10/36)