Nehemiah (9/13)  

1. На дваесет и четвртиот ден од тој месец се собраа сите синови Израилеви, постејки, во врекишта и со пепел на главите свои.
2. И се оддели Израилевото семе од сите другоротци, станаа, па ги исповедаа гревовите свои и престапите на татковците свои.
3. И стоеја на местата свои, и четврт ден читаа од книгата на законот Господов, својот Бог, а во другата четвртина се исповедаа и му се клањаа на Господа, својот Бог.
4. И застанаа на повисоко левитско место: Исус, Ванија, Кадмил, Саланија, Вуниј, Саравија, Ванија, Анани и силно повикаа кон Господа, својот Бог.
5. И рекоа левитите - Исус, Кадмил, Ванија, Севаија, Саравија, Одија, Севанија, Петахија: "Станете, славете Го Господа, вашиот Бог, од века до века, и нека се славослови преславното Твое име, кое е повисоко од секое славословие и похвала!"
6. И рече Ездра: "Ти, Господи, Кој си еден, Ти го создаде небото, небесата на небесата и сета нивна војска, земјата и се, што е по неа, морињата и се, што е во нив, и Ти го оживуваш сето тоа, и небесните воинста Ти се клањаат.
7. Ти сам, Господи Боже, го избра Аврама, ги изведе од Ур Халдејски и му даде име Авраам,
8. и го најде срцето негово верно пред Тебе, и склучи со него завет, за да му ја дадеш нему и на семето негово земјата на Хананејците, Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Јевусејците и Гергесејците. И Ти го исплни зборот Свој, зашто си справедлив.
9. Бидејки Ти ја виде маката на Татковците наши во Египет и ја чу нивната поплака при Црвеното Море,
10. и покажа знаци и чудеса над Фараонот и над сите негови служители и над сиот народ од земјата негова, бидејки Ти знаеше, оти тие постапија горделиво со нив, и Ти Си создаде име до денес.
11. Ти го пресече пред нив морето, и тие минаа среде море како по суво, а оние што те гонеа, Ти ги фрли во длабочините како камен во силни води.
12. Во облачен столб Ти ги водеше дење и во огнен столб - ноке, за да им го осветлуваш патот, по кој требаше да одат.
13. И слезе Ти на гората Синај и говореше со нив од небото, им даде праведен суд, вистински закони, наредби и добри заповеди.
14. И им ја покажа Твојата света сабота и преку Твојот слуга Мојсеј им даде заповеди, наредби и закон.
15. И кога гладуваа, Ти им даваше леб од небото, а кога беа жедни, им извади вода од камен, и им рече да одат и да ја завладеат земјата, која Ти, откога ја крена раката, се заколна дека ке им ја дадеш.
16. Но тие, нашите татковци, беа упорни, се покажаа тврдоглави и не ги послушаа Твоите заповеди;
17. не сакаа да се покоруваа и не се сетија на Твоите чудесни дела, што беше ги направил со нив, станаа тврдоглави и со својата упорност поставија над себеси водач, за да се вратат во ропството свое. Но Ти си Бог, Кој сака да проштева, добар и милостив, долготрпелив и многумилостив, и Ти не ги остави.
18. И макар што беа илзезле теле и беа рекле: ‘ете го твојот бог, што те изведе од Египет‘ - и макар што правеа големи оскрбувања,
19. Ти, поради големото Свое милосрдие, не ги остави во пустињата; облачниот столб не се одлепуваше од нив дење, за да ги води по патот, и огенениот столб - ноке за да им свети по патот, по кој требаше да одат.
20. Ти им го даде Твојот благ Дух, за да ги поучува, и не ја одземаше маната Своја од устата нивна, па и вода им даваше за гаснење на жедта нивна.
21. Четириесет години ги хранеше во пустињата; но ништо не трпеа скудност, облеката не им оветвуваше, нозете не им потекуваа.
22. И Ти им даде царства и народи и им ги раздели, и тие ја завладеаја земјата на Сион и земјата на есевонскиот цар, и земјата на Ога, царот васански.
23. И им ги умножи синовите нивни како небесните sвезди и ги воведе во земјата, за која им беше говорел на татковците нивни, дека ке дојдат да ја владеат.
24. И синовите нивни влегоа и ја завладеаја земјата. И ти им го потчини жителите на таа земја - Хананејците, и ги предаде во рацете нивни со царевите и народите на земјата, за да постапуваат со нив според вољата своја.
25. И тие ги зазедоа утврдените градови и плодната земја, и завладеаја куки, полни со секаков имот, направени извори во камен, лозја и маслинови градини и многу плодни дрвја за храна. Тие јадеа, се наситуваа, се дебелеа и се насладуваа од Твојата голема добрина;
26. и тие станаа упорни и се креваа против Тебе, го презреа Твојот закон, ги убиваа Твоите пророци, кои сведочеа да се обратат кон Тебе, и правеа големи оскрбувања.
27. И Ти ги предаде затоа во рацете на непријателите нивни, кои ги угнетуваа. Но секогаш кога, во тешко време за нив, ке повикаа кон Тебе, Ти ги слушаше од небесата и, по големото Свое милосрдие, им даваше спасители, што ги спасуваа од рацете на непријателите нивни.
28. А кога се успокојуваа, пак почнаа да прават зло пред Твоето лице, и Ти ги предаваше во рацете на непријателите нивни, и тие владееја со нив. Но кога пак ке повикаа кон Тебе, Ти ги слушаше од небесата и, според големото Свое милосрдие, многупати ги спасуваше.
29. Ти им напомнуваше да се обрнат кон Твојот закон, но тие беа тврдоглави и не ги слушаа Твоите заповеди, се отстрануваа од Твоите закони, преку кои би живеел човек, ако ги исполнуваше, го свиткаа грбот, се покажаа тврдокорни и не слушаа.
30. Чекајки да се обрнат, Ти одлагаше многу години и им напомнуваше со Твојот Дух преку пророците Свои, но тие не слушаа. Тогаш ги предаде во рацете на ту и народи.
31. Но, по големото Свое милосрдие, Ти не ги истреби докрај и не ги оставаше, бидејки Ти си Бог добар и милостив.
32. И сега, Боже наш, Боже велики, силни, страшен, Кој го пази заветот и милоста, нека не биде мало пред лицето Твое сето страдање, што не снајде нас, царевите наши, кнезовите наши, свештениците наши, татковците наши и сиот Твој народ од дните на асирските цареви до денес.
33. Во се, што не снајде, Ти си праведен, зашто Ти вршиш според правдата, а ние сме виновни.
34. Царевите наши, кнезовите наши, свештениците наши и татковците наши не го извршуваа Твојот закон и не им посветуваа внимание на Твоите заповеди и Твоите опомени, со кои ги потсетуваше.
35. И во своето царство, при Твојата голема добрина што им ја укажуваше, и во широката и плодородна земја, што им ја оддели, тие не Ти служеа и не се одваратуваа од своите лоши работи.
36. И, еве, сега сме робови; во таа земја, што Ти им ја даде на татковците наши, за да се хранат од плодовите нејзини и од благата нејзини, еве, сега ние и робуваме.
37. И своите плодови таа изобилно ги принесува за царевите, на кои што не потчини заради гревовите наши. И тие по своја воља владеат над телата наши, и над добитокот наш, и ние сме во голема мака.
38. Поради сета тоа даваме цврст завет и потпишуваме, и на потписот е печатот на кнезовите наши, левитите наши и свештениците наши.

  Nehemiah (9/13)