Nehemiah (6/13)  

1. Кога слушна Санавалат, Товија и Гисам, Арабјанинот и другите наши непријатели, дека јас го изsидав sидот, и повреда на него не остана - до тоа време, ме утоа, не бев поставил уште врати на портите, -
2. тогаш Санавалат и Гисам испратија да ми кажат: "Дојди, и ке се сретнеме во едно од селата во рамината Оно!" Тие кроеја да ми направат лошо.
3. Но јас испратив пратеници да им кажат: "Зафатен сум со голема работа, не можам да слезам; работата ке запре, ако ја оставам и слезам при вас.
4. Четирипати испракаа при мене се со таква покана и јас им одговарав исто.
5. Тогаш Санавалат го испрати по мене, за петти пат, слугата свој со отворено писмо во раката своја.
6. Во него беше напишано: "Глас се разнесува ме у народите, и Гисам вели, дека божем ти и Јудејците сте намислиле да се отцепите, и поради што и го sидаш sидот и сакаш да им бидеш цар, така се зборува;
7. си поставил и пророци да разгласуваат за тебе во Ерусалим и да говорат: ‘цар јудејски!‘ А таквите зборови ке дојдат до царот. Затоа дојди, и ке се посоветуваме заедно."
8. Но јас испратив да му кажат: "Ништо такво немало, за што зборуваш; сам си го измислил со својот ум."
9. А тие сите не плашеа, велејки: "Kе им капнат рацете од таа работа, и таа нема да се заврши." Но јас уште повеке си ги зацврстив рацете свои.
10. Отидов во куката на Семеја, син на Делаја, син Метавеилев, и тој се затвори и рече: "Да појдеме во Божјиот дом, внатре во храмот, и да ја заклучиме потоа вратата на храмот, зашто ке дојдат да те убијат ноке."
11. Но јас одговорив: "Бива ли да бега човек како мене? Бива ли така како мене да влезе во хрмот, за да остане жив! Не одам."
12. Јас знаев, дека не го беше испратил Бог, - иако ми говореше пророчки, - туку дека Товија и Санавалат го беа поткупиле.
13. Тој беше поткупен, за да ме упраши, да постапам така и да згрешам, та да имаат за мене лошо мислење и да ме казнат за тоа со прекори.
14. Помни ги, Боже мој, Товија и Санавалата според тие нивни дела, а исто така и пророчицата Ноадија и другите пророци, што сакаа да ме уплашат?
15. Sидот беше завршен во дваесет и петтиот ден од месецот Елум, за педесет и два дена.
16. Кога слушнаа за тоа сите наши непријатели, и ги видоа тоа сите околни народи, многу се обескуражија и дознаа дека таа работа и извршена од нашиот Бог.
17. Освен тоа, во тие дни повидните Јудејци, пишуваа писма и ги испракаа до Товија, а Товиевите писма одеа при нив,
18. зашто мнозина во Јудеја беа во клетвен сојуз со него, оти тој му беше зет на Сехенија, син Ираев, а синот негов Јонатан беше женет за керката на Месулама, син Варахиев.
19. Тие говореа пред мене дури и за неговата добрина, а моите зборови му се пренесуваа нему. Товија ми испракаше писма, за да ме уплаши.

  Nehemiah (6/13)