Nehemiah (5/13)  

1. Се крена голем врисок од лу ето и нивните жени, против Јудејците, браката нивни.
2. Имаше едни, кои велеа: "Ние, синовите наши и керките наши сме многу; и ние би сакале да си набавиме жито, да се храниме и да живееме."
3. Имаше и такви, што велеа: "Ги заложуваме нивните свои, лозјата свои и куките свои, за да си набавиме жито при оваа глад."
4. Имаше и такви, кои велеа: "Ние позајмуваме сребро за царскиот данок за нивите и лозјата свои;
5. ние имаме исто тела, какви што се телата на браката наши, и синовите ни се такви, какви што се нивните синови, а ете, ние сме должни да ги даваме синовите свои и керките свои за слуги, а, пак некои наши керки веке се нао аат во ропство. Нема никакви средства за откуп во рацете наши; и нивите наши и лозјата наши се во рацете на големците."
6. Кога го чув нивниот врисок и тие зборови, многу се јадосав.
7. Срцето мое се возбуди, и јас строго ги искарав првенците и војводите, велејки им: "Вие земате лихва од браката свои." И свикав против нив големо собрание,
8. па им реков: "Ние според силите свои ги откупуваме браката свои Јудејци, продадени на народите, а вие ги продавата браката свои, и тие ни се продаваат нам?" Тие молчеа и не знаеја, што да одговорат.
9. Тогаш реков: "Не е добро што правите. Нели треба да одите во страв пред нашиот Бог, за да го одбегнете потсмевот на народите, нашите непријатели?
10. И јас и браката мои и оние што служат при мене им даваме на заем и сребро и жито: да им го простиме тој долг.
11. Вратете им ги уште денес нивните ниви, лозјата нивни и маслиновите градини нивни, и куките нивни, и лихвата од среброто, житото, виното и елејот, што сте го зеле од нив."
12. А тие одговорија: "Kе го вратиме и нема ништо да бараме од нив; ке направиме така, како што велиш." Тогаш ги повикав свештениците и им заповедав да дадат клетва, дека ке направат така.
13. Па ја истресов облеката своја и реков: "Така да го истресе Бог секој човек, што нема да го одржи тој збор, од домот негов, од имотот негов, и така да биде во него истресено и празно се!" И целото собрание рече: "Амин!" и го прославија Бога; и народот го одржа тој збор.
14. Од тој ден, кога бев определен за нивни управител во Јудејската земја, од дваесеттата година до триесет и втората година на царот Артаксеркс, во текот на дванаесет години, јас и браката мои не јадевме управителски леб.
15. А поранешните управители, што беа пред мене, го оптоваруваа народот и земаа од него жито и вино, освен четириесетте сикли сребро; дури и слугите нивни владееја над народот. Но јас не правев така поради страв Божји.
16. Притоа јас ги поттикнував работите кај овој sид; и ниви не купувавме, а сите мои слуги се собираа таму на работа.
17. При мене на трпезата имаше по сто и педесет души Јудејци и началници, освен оние што доа аа при нас од околните народи.
18. И, еве, што се приготвуваше за еден ден: еден бик, шест одбрани овци и птици се готвеа кај мене; и секои десет дена се набавуваа различни вина во изобилие. И при сето тоа јас не сакав управителски леб, зашто тешка работа лежеше врз тој народ.
19. Боже мој, спомни ме мене за сето добро, што го направив за овој народ!

  Nehemiah (5/13)