Nehemiah (4/13)  

1. Кога чу Санавалат, дека ги sидаме sидовите, се налути и додеваше многу и се подигруваше со Јудејците;
2. и зборуваше пред браката свои и пред самариските воени лу е, велејки: "Што прават тие проклети Јудејци? Зар ке им го дозволат тоа? Зар тие ке принесат жртви? Зар ке завршат некогаш? Зар ке ги оживеат камењата од купиштата прав, и притоа изгорени?"
3. А до него Товија, Амонитецот, рече: "Нека го sидаат; ке мине лисицата и ке ги срине камените sидови нивни."
4. Чуј, Боже наш, на каков презир сме, и сврти ја таа нивна подигравка врз главите нивни, предај ги на презир во земја во пленство.
5. Не ги прикривај беззаконијата нивни, и гревот нивни да не биде избришан пред лицето Твое, бидејки Те огорчија оние што sидаат.
6. Ние сепак го градевме sидот, и целиот sид високо беше поврзан до половината негова. И на народот му беше при срце да работи.
7. Кога слушнаа Санавалат и Товија, и Аралците, и Амонитите, и Азотите, дека ерусалиските sидови се возобновуваат, дека расипаното почна да се исполнува, многу се разгневија.
8. И се договорија да одат заедно да војуваат против Ерусалим и да го разрушат.
9. А ние му се молевме на нашиот Бог и поставивме спроти нив стража дење и ноке, за да се спасиме од нив.
10. Но Јудејците рекоа: "Ослабна силата на носачите, а земја од урнатините има многу; не можеме да го градиме sидот."
11. А непријателите наши, пак, велеа: "Нема да успеат и нема да видат, кога наеднаш ке влеземе ме у нив, ке ги убиеме, и ке ја запреме работата."
12. Доа аа Јудејците, што живееја до нив, и ни говореа на десетина пати од сите места дека ке не нападнат,
13. тогаш по ниските места на градот, зад sидот, по сувите места, го поставија народот по родови со мечевите нивни, со копјата нивни и со лаковите нивни.
14. Па погледнав и станав, та им реков на првенците и војводите и на другиот народ: "Не плашете се од нив; помнете Го Господа велик и страшен и бијте се за браката свои, за синовите свои, за керките свои, за жените свои и за куките свои."
15. Кога слушнаа нашите непријатели, дека ни е познато што кројат, тогаш Бог го растури нивниот заговор, и ние сите се вративме кај sидот, секој на својата работа.
16. Од тој ден половината од младите при мене се нао аа на работа, а другата половина нивна стоеја со копја, штитови, лакови и оклопи; а војводите нивни беа зад целиот дом Јудин.
17. Оние, што го градеа sидот и носеа товари, што им се наложуваа, со едната рака ја вршеа работата, а во другата рака држеа копје.
18. Сите градители беа препашани со меч околу половината, и така градеа, а до мене беше трубачот.
19. И им реков на првенците и началниците и на другиот народ: "Работата е голема и просторна, а ние сме распрснати по sидот и оддалечени едни од други;
20. затоа, од каде ке чуете трубен звук, во тоа место собирајте се при нас: Бог наш ке се бори за нас."
21. Така ја теравме работата; и половината ги држеа копјата откако зората се појави, додека sвездите да излезат.
22. Освен тоа, истовремено му бев порачал на народот да нокеваат во Ерусалим сите со слугите свои, - и да бидат тие кај нас ноке на стража, а дење на работа.
23. И ниту јас, ниту браката мои, ниту стражарите, што ме придружуваа, не ги соблекувавме облеките свои, и секој од нас имаше при рака меч и вода.

  Nehemiah (4/13)