Nehemiah (2/13)  

1. Во дваесеттата година од царувањето на Артаксеркса, во месецот Нисан, имаше пред него вино. Јас го зедов виното и му го подадов на царот, и бев натажен пред него.
2. Но царот ме праша: "Зошто ти е нажалено лицето? Ти не си болен, такво нешто нема, но секако имаш тага на срцето." Јас многу се уплашив
3. и му реков на царот: "Нека е жив царот засекогаш! Како да не ми биде тажно лицето кога градот, домот, каде што се гробовите на татковците мои, е запустен, и портите негови со оган се изгорени!"
4. И царот ми рече: "Па што бараш?" Јас се помолив на Бога небесен
5. и му одговорив на царот: "Ако му е угодно на царот, и ако твојот слуга нашол благоволение пред лицето твое, тогаш испрати ме во Јудеја, во градот, каде што се гробовите на татковците мои, за да го изsидам."
6. И ми рече царот и царицата, која седеше до него: "Колку време ке трае патот твој, и кога ке се вратиш?" И царот се согласи да ме пушти, откако го определив времето.
7. Тогаш му реков на царот: "Ако благоволи царот, нека ми се даде писмо до задречните обласни кнезови, за да ми дозволат пропуст, додека стигнам до Јудеја,
8. и писмо до Асафа, чуврот на царските шуми, да ми даде дрва за вратите на тврдината, што е при Божјиот дом, и за градските sидишта, и за куката, во која ке живеам." И царот ми даде, бидејки благодатната рака на мојот Бог беше над мене.
9. Кога стигнав при задречните обласни кнезови, им ги предадов царските писма. А царот беше испратил со мене воени началници со коњаници.
10. Кога го слушнаа тоа Саваналат, Аронит и Товија, слуга амонитски, им стана многу непријатно, што дошол човек да се грижи за доброто на синовите Израилеви.
11. Пристигнав во Ерусалим и останав таму три дни.
12. Потоа станав ноке со неколку души, што беа при мене, и никому не му кажав, што ми ставил мојот Бог на срце да направам за Ерусалим; а немаше никакво добиче со мене, освен она на коешто јавав.
13. Така минав ноке преку Долинските Порти пред изворот во смокварникот и низ Гноиштните Порти, ги разгледав разрушените sидишта на Ерусалим и изгорените негови порти со оган.
14. И дојдов до Изворните Порти и до царското езеро, но таму немаше место да мине добичето, што беше под мене;
15. и се вратив назад по долот ноке и ги разгледав sидиштата и, откако минав пак низ Долинските Порти, се вратив.
16. Но старешините не знаеја, каде одев и што правев: дотогаш не им бев открил ништо ни на Јудејците, ниту на свештениците, ниту на првенците, ниту на началниците, ниту на другите работници.
17. Затоа им реков: "Гледате во каква невоља се нао аме; Ерусалим опусте, и портите негови со оган се изгорени; да одиме и да ги изградиме sидовите на Ерусалим, та да не бидеме веке за срам пред лу ето."
18. И им раскажав, дека благодатната рака на мојот Бог беше над мене, - и за зборовите на царот, што ми ги кажа. Па им реков: "Да станеме и да градиме!" Тогаш им се зацврстија рацете во добро дело.
19. Кога го слушнаа тоа Саваналат Аронит и Товија, слуга амонитски, и Гисам Арабјанин, ни се потсмевнуваа и рекоа со презир: "Каква е таа работа што ја вршите? Не мислите ли повеке да се буните против царот?"
20. Јас им одговорив и реков: "Бог небесен, Он ке ми помогне, и ние, слугите Негови, ке почнеме да sидаме, а за вас нема да има ни дел, ни право, ни спомен во Ерусалим."

  Nehemiah (2/13)