Nehemiah (13/13)    

1. Тој дена читаа од Мојсеевата книга гласно пред народот и најдоа напишано вака: Амонитец и Моавец на смеат да влегуваат во Божјото општество дури до века.
2. Зашто тие не ги пресретнаа синовите на Израилот со леб и вода, а го најмија против него Валаама, за да го проколне; но Бог наш ја претвори клетвата во благослов.
3. Кога го слушнаа тој закон, тие ги одделија од Израилот се она што беше од друго племе.
4. А пред тоа свештеникот Елијасив, поставен над одделите при домот на нашиот Бог, близок роднина на Товија,
5. одреди за него една голема соба, во која пред тоа ставаа лебен принос, ливан и садови, и десеток од житото, виното и елејот, определени со закон за левитите, певците и вратарите, и приносите за свештениците.
6. Кога се случуваше сето тоа, јас не бев во Ерусалим, зашто во текот на триесет и втората година на вавилонскиот цар Артаксеркс бев кај царот и по неколку дена пак се измолив од царот
7. Кога дојдов во Ерусалим и дознав за злото, што го беше направил Елијасив, определувајки за Товија соба во дворот на Божјиот дом,
8. ми стана многу непријатно, и јас ја исфрлив сета покукнина на Товија надвор од собата,
9. и реков да ја исчистат собата и порачав пак да ги внесат таму садовите на Божјиот дом, лебниот принос и ливанот.
10. Дознав уште, дека на левитите не им биде давани деловите, и дека левитите и певците, што ја вршеа службата своја, се разбегале секој на нивата своја.
11. Јас ги искарав за тоа началниците и реков: "Зошто го напуштивме Божјиот дом?" И јас ги собрав и ги поставив по местата нивни.
12. И сите Јудејци почнаа одново да принесуваат десеток од житото, виното и зејтинот во одделите.
13. И ги поставив како настојници Селемија, и книжникот Садока, и Федаија од левитите, а при нив и Анана, синот Закхуров, син Матаниев, зашто се сметаа за верни. И таму беше наложено да раздаваат делови на браката свои.
14. Спомни ме, Боже мој, за тоа, и не ги бриши сесрдните работи мои, што ги напрвив за домот на мојот Бог и за службата при него!
15. Во тие дни видов во Јудеја, дека во сабота гмечат грозје, возат снопја и товараат осли со вино, грозје, смокви и секаков товар и го носат во саботен ден во Ерусалим. И јас ги искарав строго во истиот ден, кога ја продаваа таа храна.
16. И Тирци живееја во Јудеја и довезуваа риба и секаква стока и ја продаваа во сабота на јудејските жители и во Ерусалим.
17. Јас ги искарав првенците Јудејски и им реков: "Зошто вршите такво зло и го осквернувате саботниот ден?
18. Така правеа татковците ваши, та затоа Бог наш ги испрати врз нас и врз овој град сето тоа зло? А вие го зголемувате гневот Негов против Израилот, осквернувајки ја саботата."
19. Потоа, штом ке зајдеше сонцето зад ерусалимските порти, спроти сабота, заповедав да ги затворат вратите и порачував да не ги отвораат до утредента по сабота. А при портите ги поставија своите слуги, и никаков товар да не премине во саботен ден.
20. Така трговците и продавачите на секаква стока нокеваа еднаш и двапати надвор од Ерусалим.
21. Но јас ги скарав строго и им реков: "Зошто нокевате до sидот? Ако го сторите тоа уште еднаш, ке ставам рака на вас." Оттогаш тие не доа аат во сабота.
22. И им реков на левитите, да се очистат и да дојдат да чуваат стража при портите, за да го светат саботниот ден. Спомни ме и за тоа, Боже мој, и поштеди ме по големата Своја милост!
23. Во тие денови видов уште Јудејци, што си беа зеле жени азотки, амонитки и моавки;
24. и затоа синовите нивни зборуваа полу азотски, или според јазикот на другите народи, а по јудејски не знаеја да говорат.
25. Јас ги искарав за тоа и ги проколнував, а неко мажи дури и ги тепав, косата им ја кубев и ги заколнував во Бога да не ги даваат керките свои за синовите нивни и да не ги земаат керките нивни за синовите свои и за себеси.
26. Нели поради тоа, си зборував, грешел и Соломон, царот Израилев? Во многу народи немало таков цар како него. Тој беше љубимец на својот Бог, и Бог го постави за цар над сите Израилци; но, пак, другоземни жени го натераа во грев и него.
27. И можно ли ни е да слушаме за вас, дека го вршите сето тоа големо зло, бидејки грешите пред нашиот Бог, земајки другоземни жени?
28. Еден од синовите на Јоада, син на големиот свештеник Елијасив, беше зет на Санвалата Уротинат, Јас го изгонив од себеси.
29. Спомни им, Боже мој, дека тие го осквернија свештенството и заветот свештенички и левитски!
30. Така го очистив од се другоземно и ги установив службите на свештениците и левитите, на секого во неговата работа,
31. и довозот на дрва во определено време и првините. Спомни ме, Боже мој, за мое добро!

  Nehemiah (13/13)