Nehemiah (11/13)  

1. И се населија кнезовите народни во Ерусалим, а другите од народот фрлија жреб, за еден од десетте делови нивни да живее во градот Ерусалим, а деветте - во другите градови.
2. И народот го благослови сите, кои доброволно се согласија да живеат во Ерусалим.
3. Еве ги старешините на земјата, што живееја во Ерусалим, - а во градовите на Јудеја сите живееја на својот имот, по градовите свои: Израилците, свештениците, левитите и Нетинејците, и синовите на Соломоновите слуги.
4. Во Ерусалим се настанија и некои од синовите Јудини и од синовите Венијаминови; од Јудините синови: Атаија, син на Озија, син Захариев, син Амариев, син Сафатиев, син Малелеилов, од синовите Фаресови,
5. и Масија, син на Варуха, син Колхозеев, син Хазаиев, син Адаиев, син Јоариев, син Захариев, син Еилониев.
6. Сите Фаресови синови, што живееја во Ерусалим, беа четиристотини и шеесет и осум, храбри лу е.
7. А, еве, ги синовите Венијаминови: Силон, син Месуламов, син Јоадов, син Фадаиев, син Јолиев, син Масиев, син Етилев, син Јесеев,
8. и по него Гевеил Силиев - деветстотини и дваесет и осум.
9. Јоил, синот Захариев, беше началник над нив, а Јуда, синот Сенуиев, беше втор над градот.
10. Од свештениците: Јадија, син Јоариев, Јахин.
11. Сареја, син Елхиев, син Месуламов, син Садуков, син Мериотов, син Етодов, началник на Божјиот дом,
12. и нивните брака, кои вршеа служба во Божјиот дом, - осумстотини и дваесет и двајца; и Адаија, син Јероамов, син Фалалиин, син Намасов, син Захариев, син Фасетуров, син Мелхиев,
13. и браката негови, старешини на родовите - двесте четириесет и двајца; и Амесај, син Ездриилов, син Азаев, син Месилимотов, син Емиров,
14. и бракате негови, мажи воинствени - сто и дваесет и осум. Началник им беше Завадиил, син на големите.
15. А од левитите: Самаија, син Асувов, син Езрикамов, син Асавиин, син Воинин,
16. и Саватеј, и Јозавад од левитските началници за надворешни работи на Божјиот дом,
17. и Матанија, син на Миха, син Зехриев, син Асафов, водител при славословието, а Јуда на молитвата, и Вокхија, втор по него од браката негови, и Авдија, син Самеев, син Галелов, син Идитунов.
18. Сите левити од светиот град беа двесте и осумдесет и четири.
19. А вратари: Акув, Теламин и браката нивни, стражари при портите - сто и седумдесет и двајца.
20. Другите Израилци, свештениците и левитите, живееја по сите градови на Јудеја, секој во својот дел.
21. А Нетинејците живееја во Офел: над Нетинејците беа Сијај и Гесф.
22. Началник на левитите во Ерусалим беше Озиј, син Ваниин, син Савиев, син Матаниев, син Михаев од синовите Асафови, кои беа певци при службата на Божјиот дом;
23. зашто од царот имаше за нив посебна заповед, и беше одредена плата за певците за секој ден одредена.
24. И Фетеја, син Масиозавилов, од синовите на Зара, Јудин син, беше заменик на царот за сите работи, што се однесуваа на народот.
25. Од оние, пак, што беа по селата, на нивите свои, некои од Јудините синови живееја во Киријат-Арба и во нејзи потчинетите градови, во Диван и во потчинетите му градови, во Јекавсеил и во селата негови,
26. во Јесуја, во Молада и во Ветфалад,
27. во Асерсал, во Вирсавија и во градовите, нејзе потчинети,
28. во Секелаг, во Макне, и во нему потчинетите градови,
29. во Ремаон, во Сара и во Јеримут,
30. во Заиној, Одолам и селата нивни, во Лахис и полињата негови, во Азик и во потчинетите му градови; тие се беа сместиле од Вирсавија дури до Емоновата долина.
31. Синовите Венијаминови - почнувајки од Гева, во Махмас до Ветил и во сите села негови,
32. во Анатот, Нов, Аниија,
33. Асор, Рама, Гетаим,
34. Адод, Севоим, Навалат,
35. Лида, Оно и во долината Сногијарасим.
36. Во деловите на Јуда и Венијамина свои населби имаа и левитите.

  Nehemiah (11/13)