Nehemiah (1/13)  

1. Зборовите на Неемија, синот Ахалиев. Во месецот Хаселев, во дванаесеттата година, јас бев во престолниот град Суза.
2. Тогаш дојде Ананија, еден од моите брака, - тој и неколку души од Јудеја. И јас ги прашав за многу нажалените Јудејци, што не беа заробени, и за Ерусалим.
3. А тие ми рекоа: "Оние што останаа незаробени, се нао аат таму, во земјата своја, и се во голема невоља и понижение; а sидовите на Ерусалим - се урнати, и портите негови - со оган изгорени."
4. Кога ги чув тие зборови, седнав и заплакав и бев нажален неколку дена, постев и се молем пред Бога небесен,
5. и реков: "Господи, Боже небесен, Боже велики и страшен, Кој го пазиш заветот и милоста кон оние, што Те сакаат и постапуваат - според Твоите заповеди!
6. Ушите Твои нека бидат внимателни и очите Твои отворени, за да ја чујат молитвата на Твојот слуга, со која сега се молам дење и ноке пред Тебе за синовите Израилеви, слугите Твои, и се исповедувам за гревовите на синовите Израилеви, со кои згрешивме пред Тебе , згрешивме - јас и домот на таткото мој.
7. Ние станавме престапници пред Тебе и не ги запазивме ни заповедите, ни наредбите, ни законите, што ги беше дал на Мојсеја, Твојот слуга.
8. Но присети се на зборот, што му го беше дал на Мојсеја, Твојот слуга, велејки: ‘Ако станете престапници, ке ве растурам ме у народите,
9. а кога ке се обрнете кон Мене и ке ги пазите Моите заповеди и ке ги извршувате, тогаш, макар да сте изгонети и на крајот на небото, и оттаму ке ве приберам и ке ве одведам на местото што сум го одбрал, за да го воведам таму името Свое.‘
10. А тие се Твои слуги и Твој народ, што Си го откупил со големата Своја сила и со мокната Своја рака.
11. Ти се молам, Господи, нека биде увото Твое внимателно кон молитвата на Твојот слуга и кон молитвата на Твоите слуги, кои сакаат да се плашат од името Твое. Помогни му сега на Твојот слуга и воведи го во милоста на тој човек." - Јас бев пехарник кај царот.

      Nehemiah (1/13)