Nahum (3/3)    

1. Тешко му на крвничкиот град! Тој е полн со измама и убиства; грабењето не престанува во него.
2. Се слуша плускање на бичеви и трескот од тркала како и од потскокнување на бојни коли.
3. Коњаниците потскокнуваат, болскаат мечеви и светкаат копја. Многу убиени и купишта трупови! На труповите им нема крај; и се сопнуваат од нив.
4. Тоа сето е за многуте блудствувања на убавата на изглед развратница, вешта во магии, која со блудот свој продава народи, а со магиите - племиња.
5. Ете, Јас сум против тебе, вели Господ Саваот, ке ја кренам полата од твојата облека врз твоето лице и ке им ја покажам на народите твојата голотија, и на царствата - срамотиите твои.
6. Kе нафрлам врз тебе нечистотии, ке те направам презрена, и ке те направам за приказ.
7. И секој, штом ке те види, ке побегне од тебе и ке рече: "Разурната е Ниневија! Кој ке сака да ја пожали? Каде да најдам утешител за тебе?"
8. Зар не си подобра од Но - Амона, кој лежи ме у реки, опколен со вода, чиј окоп е морето, и тоа му служеше како sид.
9. Етиопија и Египет со безбројно множество лу е ти служеа како поткрепа; а тие ти идеа на помош со Коптите и Ливијците.
10. Но и тој е раселен, отиде во ропство; дури и децата му се здробени - по сите градски крстосници; а за првенците му фрлија жреб, и сите големци се во вериги оковани.
11. И ти така ке се опиеш и ке криеш; и ке бараш заклон од непријателите свои.
12. Сите твои градови се како смокви со зрели плодови: ако ги затресеш, ке паднат право во устата на оној што сака да ги јаде.
13. Ете, и народот твој во тебе се како жени: на непријателите твои ширум ке им се отворат портите на земјата, и оган ке ги проголта твоите резиња.
14. Зафати си вода за опсадата; зацврсти ги тврдините; влези во кал, гази глина, направи ја печката за печење тули.
15. Таму оган ке те проголта, меч ке те исече, ке те изеде како гасеница, макар и да сте се намножиле како гасеници, па и да сте се намножиле како скакулци.
16. Трговците при тебе се повеке од sвездите на небото; но тие како скакулците ке се распрскаат и ке одлетаат.
17. И кнезовите твои се како скакулци, а војводите - како рој мушички, кои во студено време се гнездат во пукнатини, а кога ке изгрее сонцето се разлетуваат, и нема да го распознаеш местото каде биле.
18. Спијат твоите пастири, царе асирски, почиваат твоите големци; твојот народ се распрснал по горите, и нема кој да ги прибере.
19. Нема лек за твојата рана, лута е раната твоја. Сите, што ке чујат за тебе, ке ракоплескаат, зашто врз кого ли не си ја протегнал твојата постојана злоба.

  Nahum (3/3)