Nahum (1/3)  

1. Пророштвото за Ниневија; книга за видението на Наума од Елкос.
2. Господ е Бог ревнив и одмаздник е Господ и страшен во Својот гнев: Господ им се одмаздува на непријателите Свои; не ги поштедува ни противниците Свои.
3. Господ е долготрпелив и голема е силата Негова, така што не остава никого без казна; патот Господов е во виор и бура, а облаците се прав од под нозете Негови.
4. Kе му се закани ли на морето, и тоа пресушува, и сите реки пресушуваат: овенува Васан и Кармил, и свенува цветот на Ливан.
5. Горите се тресат пред Него, и ридовите се топат, земјата потреперува пред лицето Негово, и вселената и се што живее во неа.
6. Кој може да устои против Него? И кој може да го издржи пламенот од гневот Негов? Гневот Негов се излива како оган; карпи се распа аат пред Него.
7. Добар е Господ; Он е прибежиште во жалосен ден. Он ги познава оние, што се надеваат на Него.
8. Но со силна поплава, што се потопува, ке ја уништи Ниневија до темели и мрак ке ги обземе непријателите Негови.
9. Што сте намислиле против Господа? Он ке стави крај на се, и неволите веке нема да се повторат,
10. зашто, иако сплетени како трње и како од вино пијани, тие ке бидат наполно проголтани, како сува слама.
11. Од тебе произлезе оној, што смисли зло против Господа, и кој подготви нечесен заговор.
12. Вака вели Господ: "Макар што се безопасни и многубројни, тие ке бидат исклани и ке исчезнат; а тебе, иако те измачував, нема веке да те измачувам.
13. И сега ке го скршам јаремот негов, кој лежи врз тебе, и ке ги раскинам оковите твои.
14. А за тебе, Асире, Гсопод определи: нема да продолжи родот твој; од домот на твојот бог ке ги истребам идолите резани и лиени; во него ке ти направам гроб кога ке бидеш презрен.
15. Ете, по горите се стапките на благовесникот, кој најавува мир: празнувај ги, Јудејо, твоите празници, извршувај ги заветите свои, зашто преку тебе нема веке да минува нечестивиот; тој е наполно уништен.

      Nahum (1/3)