Micah (6/7)  

1. Слушајте што вели Господ: "Стани и суди се со горите и со ридовите да го чујат гласот твој!
2. Чујте го, гори, судот Господов, и вие, цврсти основи на земјата, зашто Господ му суди на Својот народ, се бори со Израилот.
3. Народе Мој, што ти направив и со што ти дотегнав? Одговори Ми.
4. Јас те изведов од Египетската земја, те ослободив од домот на ропството и ги водев пред тебе Мојсеја, Арона и Маријам.
5. Народе Мој, сети се што кроеше Валак, царот моавски, и што му одговори Валаам, синот Веров и што стана од Ситим до Галгал - за да ги познаеш праведните дела на Господа.
6. "Со што да застанам пред Господа, да се поклонам пред небесниот Бог? Да застанам ли пред Него со сепаленици, со едногодишни телци?
7. Но може ли да Му се угоди на Господа со иљадници овни или неизмерни потоци елеј? Дали да Му го дадам мојот првороден син за престапите свои и плодот на утробата своја - за гревовите на душата своја?"
8. О, човеку, речено ти е што е добро, и што бара од тебе Господ; да работиш правично, да сакаш милосрдни дела и смирено да врвиш пред твојот Бог.
9. Гласот Господов вика кон градот и мудроста се претпочита пред Твоето име; слушајте го жезалот и Оној, Кој те поставил.
10. Па зар не се нао аат во домот на безножникот богатство несправедливо и мерка смалена, одвратна?
11. Можам ли да бидам чист со мерките на беззакониците и со мерките во мојата торба?
12. богаташите негови се полни со неправда, и жителите негови говорат неправда, а и јазикот нивни измама е во устата нивна.
13. Затоа ке почнам да те поразувам со запустување поради гревовите твои.
14. Kе јадеш - и нема да се наситуваш; празнина ке има внатре во тебе; ке пазиш, но нема да забележуваш, а она што ке зачуваш, тоа Јас ке го предадам на меч.
15. Kе сееш, но нема да женееш; ке гмечиш маслинки, но нема да се намажеш со елеј; ке цедиш гроздов сок, но нема да пиеш вино.
16. При вас се запазиле обичаите на Замврија и сите дела на домот Ахавов, и вие постапувате според нивните совети. Затоа ке те предадам на запустување и жителите твои на потсмев, а вие ке претрпите поруга од Мојот народ.

  Micah (6/7)