Micah (3/7)  

1. Затоа реков - чујте, поглавари Јаковови и кнезови на домот Израилев: зар вие не знаете што е право?
2. А вие го мразите доброто и го сакате злото, ја дерете од нив кожата, и месото од коските нивни;
3. јадете од телото на Мојот народ и ја дерете кожата нивна, а коските нивни ги стругнувате и ги кршите како за во сад, и месото нивно го дробите како за во котел.
4. И тие ке викаат кон Господа, но Он нема да ги чуе и ке го сокрие лицето Свое од нив во времето, додека тие вршат злодејанија.
5. Така вели Господ против пророците, кои го воведуваат во заблуда Мојот народ, кои гризат со заби - а проповедаат мир; а ако никој не им стави во уста ништо, против него објавуваат војна.
6. Затоа, место видени, вие ке гледате нок, место пророштво - темнина; и сонцето ке зајде над тие пророци и денот ке им потемнее над нив.
7. Kе се засрамат јасновидците, ке бидат посрамени гледачите, и сите ке ја затворат устата своја, зашто нема да добијат одговор од Бога.
8. Но јас сум исполнет со силата на Духот Господен, со правда и цврстина, за да му ги кажам на Јакова престапите и на Израилот - гревот негов.
9. Чујте ме сега, поглавари на домот Јаковов, и кнезови на домот Израилев, вие, кои се гнасите од правдата и што искривувате се што е право.
10. Вие, кои го градите Сион со крв и Ерусалим со неправда.
11. Поглаварите негови судат за подароци, свештениците учат за награди, а пророците пророкуваат за пари, и сепак се надеваат на Господа, велејки: "Нели е Господ ме у нас; затоа зло нема да не постигне."
12. Затоа поради вас Сион ке биде разорен како нива, а Ерусалим ке стане купиште од урнатини, и планината на тој Дом ке зарасне во шума.

  Micah (3/7)