Micah (2/7)  

1. Тешко им на оние што кројат беззаконија и на леглата свои измислуваат зли дела, и ги извршуваат штом ке се зазори, зашто не ги издигнаа кон Господа рацете свои.
2. Kе пожелат ниви - ги заземаат насила, куки - ги отимаат; и човекот го обираат, и куката негова, мажот и наследството негово.
3. Затоа вака вели Господ: "Еве Јас замислувам зло против тој род да пратам, кое не можете да го отфрлите од вратот свој, па затоа и нема да одите исправени; оти тоа време ке биде лошо.
4. Во она време ке се зборува за вас, ке плачат многу и ке мислат: наполно сме разорени; делот од мојот народ е даден на друг; како да ми се врати? Нивните наши се веке раздадени на другородци."
5. Затоа не ке имам никого што ке фрли жреб во собранието пред Господа.
6. Не пророкувајте пророци; не пророкувајте им за да не ве постигне зло.
7. О, ти, што се нарекуваш Јаковов дом! Зар се смали Духот Господов! Зборовите Мои зар не се благотворни за оној, кој постаува справедливо?
8. Но народот, кој порано беше Мој, сега стана непријател, и вие им ја грабите не само горната туку и долната облека на мирните лу е, што се вракаат од војна.
9. Жените на Мојот народ ги истерувате од нивните пријатни домови; а од децата нивни ја одземате славата Моја.
10. Станете и одете си, оти тој крај не е земја за почивка; поради нечистотија таа ке биде разорена - и тоа со голема погибел.
11. Ако некој ветропир измислува лага и вели: "ке ти проповедам за вино и за сикер", тој би бил добар за пророк на овој народ.
12. Навистина ке те соберам сиот, Јакове, навистина ке ги соберам остатоците Израилеви; ке ги соберам во едно како овците во Восор, како стадо овци во кошара; ке зазборуваат шумно поради многубројноста.
13. Пред нив ке тргне уривач на sидови; тие ке ги разбијат преградите, ке влезат низ портите и ке излезат низ нив, и царот нивни ке тргне пред нив, и Господ - ке биде на чело.

  Micah (2/7)