Micah (1/7)  

1. Словото Господово, упатено до Михеја од Мораст, во деновите на Јоатама, Ахаза и Езекија, цареви јудејски, со кое му беше откриено за Самарија и за Ерусалим.
2. Чујте, сите народи, внимавај, земјо, и се што те исполнува! Сведок нека е против вас Господ Бог, Господ од Својот свет храм!
3. Зашто Господ, ете, излегува од Своето место, ке слезе и ке стапи на земните височини,
4. и планините ке се расклатат под Него, долините ке се растопат како восок од оган, како водата што се пролива низ стрмнини.
5. И сето тоа ке стане поради нечесноста на Јакова, поради гревот на Израилевиот дом. Од кого е злодејанието на Јакова? Нели е тоа од Самарија? Од кого се идолските светилишта во Јудеја? Нели се тоа од Ерусалим?
6. Затоа од Самарија ке направам купишта урнатини во полето, место за садење лози; ке ги сринам камењата нејзини во долина и ке и ги разголам основите.
7. И сите нејзини резани ликови ке се строшат и сите нивни дарови од блуд - со оган ке бидат изгорени: сите идоли ке ги разурнам; со дарови од блуд ги правела, и пак ке бидат дарови од блуд превртени.
8. Поради тоа ке заплачам и ке заридам, ке појдам бос и оголен, ке вијам како шакал, ке плачам како змија;
9. зашто тежок е нејзиниот пораз; тоа дојде до Јудеја, а стигна дури и до портите на Мојот народ - се до Ерусалим.
10. Не разгласувајте го ова во Гет, не плачете таму гласно, а во селото Офра посипете се со пепел.
11. Иселете се, жители сафирски, срамно разголени; нема да се спаси ни жителката санска, плачот во селото Езил нема да ви дозволи да се задржите ни таму.
12. Тагува за своето добро жителката маротска, зашто злото од Господа слезе до портите ерусалимски.
13. Впрегни брзи коњи во колата, жителко лахиска, ти си почеток на гревот од керката Сионска, оти во тебе се појавија престапите на Израилот.
14. Затоа ти ке пракаш дарови во Моресет Гет; но населбите ахзивски ке бидат измама за царевите израилски.
15. Kе доведам и наследник при тебе, жителко мориска; и тој ке дојде дури до Одолам, славата на Израилот.
16. Фрли ја косата своја, истрижи се - од жал за своите сакани синови; разголи ја келавоста своја за нив како орел што ја разголува својата, зашто тие ке бидат одведени од тебе во ропство.

      Micah (1/7)