Matthew (6/28)  

1. "Bнимавајте својата праведност да не ја вршите пред луѓето, за да ве видат; инаку ќе немате награда од вашиот Татко Кој е на небесата.
2. И така, кога даваш милостина, не фали се пред себе како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, заради почести од луѓето. Bистина ви велам, само тоа им е наградата.
3. А ти, кога даваш милостина, нека не ти знае левицата што прави десницата,
4. за да остане твојата милостина во тајност, а твојот Татко Кој го гледа тоа што е тајно, ќе те награди."
5. "И кога се молите, не постапувајте како лицемерите кои сакаат да се молат, стоејќи по синагогите и на аглите од улиците, за да ги видат луѓето. Bистина ви велам, само тоа им е наградата.
6. А ти, кога се молиш, влези си во својата соба, и откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Татко Кој е во тајност, а твојот Татко Кој го гледа тоа што е тајно, ќе те награди.
7. А кога се молите, не повторувајте празни зборови како другите народи, бидејќи мислат дека молитвата ќе им биде сослушана и исполнета, заради многуте зборови.
8. И така, не бидете како нив, зашто вашиот Татко знае што ви е потребно уште пред да Му се помолите.
9. Туку молете се вака: Татко наш, Кој си на небесата, нека биде свето Твоето име;
10. Нека дојде Твоето царство, нека биде Твојата волја на земјата,така како што е на небото;
11. нашиот насушен леб, дај ни го денес;
12. и прости ни ги нашите долгови, како што ние им ги простивме на нашите должници;
13. и не воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот. Зашто Твое е царството, и силата, и славата, во век и веков. Амин!
14. Зашто, ако вие им ги простите на луѓето нивните престапи, вашиот небесен Татко ќе ви ги прости и вам.
15. Ако вие не им ги простувате на луѓето нивните престапи, ни вашиот Татко нема да ви ги прости вашите."
16. "А кога постите, не бидете стушени како лицемерите, зашто тие ги муртат лицата, за да им покажат на луѓето дека постат. Bистина ви велам, само тоа им е наградата.
17. А кога постиш, изврши помазание на главата и измиј си го лицето,
18. за да не видат луѓето дека постиш, туку твојот Татко Кој е во тајност. А твојот Татко Кој го гледа тоа што е тајно, ќе те награди."
19. "Не собирајте богатства на земјата, каде што молецот и 'рѓата ги уништуват, и каде што крадци разбиваат и отимаат;
20. туку собирајте богатства на небото, каде што не ги уништува ни молец, ниту 'рѓа, и каде што крадци не разбиваат и не отимаат;
21. зашто, каде што е твоето богатство, таму ќе биде и твоето срце."
22. "Светилка на телото е окото. И така, ако твоето око е бистро, целото тело ќе ти биде осветлено;
23. но ако окото ти е зло, целото тело ќе ти биде мрачно. И така, ако светлината што е во тебе е темнина, колкава ли е темнината!"
24. "Никој не може да им служи на двајца господари, зашто или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе му биде приврзан на едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите и на Бог и на мамон."
25. "Затоа ви велам: не бидете загрижени за својата душа, за тоа што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за своето тело, што ќе облечете. Зар животот не е повеќе од храната, и телото од облеката?
26. Погледнете ги небесните птици! Тие ниту сеат, ниту жнеат, ниту собираат во амбари, а сепак вашиот небесен Татко ги храни. Зар не сте многу повредни од нив?
27. Кој од вас може, грижејќи се, да му придодаде на својот раст еден лакот?
28. Зошто сте загрижени и за облеката? Погледнете ги полските кринови како растат: не се трудат, ниту предат.
29. а Јас ви велам дека ни Соломон, во сета своја слава, не се облече како еден од нив.
30. И ако Бог ја облекува така полската трева, што денес е тука, а утре ја фрлаат в печка, нема ли многу повеќе да стори за вас, о маловерни?
31. И така, не бидете загрижени, велејќи: 'Што ќе јадеме?' или: 'Што ќе пиеме?' или: 'Што ќе облечеме?'
32. Зашто сето тоа го бараат и другите народи, а вашиот небесен Татко знае дека сето ова ви е потребно.
33. Туку, барајте го најпрвин Божјото царство и Неговата праведност, а сето друго ќе ви се додаде.
34. И така, не бидете загрижени за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе се грижи за себеси. На секој ден доволно му е неговото зло."

  Matthew (6/28)