Matthew (14/28)  

1. Bо она време тетрархот Ирод ја чу веста за Исус
2. и им рече на своите слуги: "Тоа е Јован Крстителот. Bоскреснал од мртвите, и затоа моќните дела дејствуваат во него."
3. Кога Ирод го фати Јована, го врза и го стави в зандана заради Иродијада, жената на својот брат Вилип,
4. бидејќи Јован му велеше: "Не е според законот да ја имаш",
5. и иако сакаше да го убие, се плашеше од народот, зашто го сметаше за пророк.
6. А кога се празнуваше Иродовиот роденден, ќерката на Иродијада играше пред нив и му угоди на Ирод.
7. Затоа, тој со заклетва и вети дека ќе и даде што и да му побара.
8. А таа, наговорена од својата мајка, рече: "Дај ми ја тука на чинија главата на Јован Крстителот."
9. На царот му беше жал, но заради заклетвите и заради оние што седеа со него, заповеда да и ја дадат,
10. и испрати, па го обезглавија Јован во занданата.
11. Неговата глава беше донесена на чинија и и беше дадена на девојката, а таа и ја однесе на мајка си.
12. А неговите ученици дојдоа, го зедоа телото и го погребаа, па отидоа и Му јавија на Исус.
13. А кога го чу тоа Исус, замина оттаму со кораб, во пусто место, насамо. Но народот чу и Го следеше пеш од градовите.
14. И кога излезе на брегот виде едночудо луѓе, се сожали на нив и ги исцели нивните болни.
15. А кога се свечери, Неговите ученици дојдоа кај Него и Му рекоа: "Местово е пусто и времето е веќе поодминато. Пушти ги луѓето да отидат по селата за да си купат храна."
16. Но Исус им рече: "Нема потреба да одат, дајте им вие да јадат!"
17. А тие Му рекоа: "Овде немаме ништо, освен пет лебови и две риби."
18. А Тој им рече: "Донесете Ми ги тука."
19. И заповеда луѓето да поседнат по тревата; ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото, ги благослови, ги раскрши лебовите и им ги даде на учениците, а учениците на луѓето.
20. И сите јадоа и се наситија, и ги дигнаа преостанатите парчиња, дванаесет полни кошеви.
21. А оние што јадеа, беа околу пет илјади мажи, покрај жените и децата.
22. И веднаш потоа Исус ги натера Своите ученици да влезат во коработ и да отидат пред Него на другата страна, додека Тој да го распушти народот.
23. И штом го распушти, се искачи на гората за да се моли насамо. Кога се свечери, таму беше сам.
24. Коработ веќе беше многу далеку од брегот и го удираа брановите, зашто ветрот беше спротивен.
25. Bо четвртата ноќна стража Тој дојде кај нив, одејќи по морето.
26. Кога Го видоа како оди по морето, учениците се исплашија и рекоа: "Тоа е привидение!" и извикаа од страв.
27. А Исус веднаш им проговори, велејќи: "Охрабрете се! Јас Сум! Не бојте се."
28. А Петар Му одговори и рече: "Господи, ако си Ти, заповедај да дојдам кај Тебе по водава."
29. Овој му рече: "Дојди!" Петар слезе од коработ и тргна по водата кон Исус.
30. Но кога го виде силниот ветар, се исплаши, почна да тоне и извика, велејќи: "Господи, спаси ме!"
31. А Исус веднаш ја испружи раката, го фати и му рече: "Маловернику, зошто се посомнева?"
32. И кога влегоа во коработ, ветрот престана.
33. А оние што беа во коработ, дојдоа и Му се поклонија, велејќи: "Навистина, Ти си Божјиот Син."
34. И кога преминаа на другата страна, дојдоа во генисаретската земја.
35. И кога Го препознаа мажите од тоа место, разгласија по целата околина, па Му ги донесоа сите што беа болни,
36. и Го молеа да се допрат само до работ од Неговата наметка; и кој како ќе се допреше, оздравуваше.

  Matthew (14/28)