Malachi (3/4)  

1. И ете, Јас ке го испратам ангелот Свој, и тој ке го приготви патот пред Мене, и ненадејно ке дојде во храмот Свој Господ, Кого Го барате, и Ангелот на заветот, кого вие го пожелувате; ете, Он иде, вели Господ Саваот.
2. Но кој ке го издржи денот на Неговото доа ање, и кој ке устои, кога ке се јави Он? Зашто Он е како оган, што растопува, и пепелница што чисти,
3. па ке седне Он да претпува и да чисти сребро, и ке ги очисти синовите на Левија и ке ги претопи како злато и како сребро, за да Му принесат жртва со правда.
4. Тогаш ке биде пријатна на Господа жртвата Јудина и на Ерусалим, како во старите времиња и како во поранешните години.
5. И ке дојде при вас за суд и ке биде брз извршител против вражачите и прељубодејците, и против оние кои лажно се колнат и ја задржуваат наградата на наемникот, ги измачуваат вдовиците и сираците, ги одбиваат придојдените, и од Мене не се бојат, вели Господ Саваот.
6. Оти сум Господ, Јас не се изменувам; затоа вие, синовите на Јакова, не бевте уништени.
7. Уште од деновите на вашите татковци отстапивте од наредбите Мои и не ги запазивте; обрнете се кон Мене, и Јас ке се обрнам кон вас, вели Господ Саваот. Вие, пак, ке речете, како да се обрнеме?‘
8. Може ли човек да краде од Бога? Но вие крадете од Мене. Kе речете: ‘што крадеме од Тебе? - од десетокот и од приносите.‘
9. Со проклетство сте проколнати, зашто Ме одбирате - вие и сиот народ.
10. Донесете ги сите десетоци пред вратите, па да има храна во Мојот дом, и барем во тоа испитајте Ме, вели Господ Саваот: зар нема да ги отворам отворите небески за да излијам благослов на вас, па да имате и на претек?
11. Заради вас ке им забранам на оние, што ги изедуваат плодовите земни, и лозата ваша во полето нема да остане без плод, вели Господ Саваот.
12. И блажени ке ве наречуваат сите народи, оти ке бидете земја пожелувана, вели Господ Саваот.‘
13. Дрски се зборовите ваши пред Мене, вели Господ Саваот. Прашувате: - што зборуваме против Тебе?
14. Велите: залудно е служењето на Бога, и каква корист имаме, ако ги пазиме наредбите Негови и одиме во жална облека пред лицето на Господа Саваот?
15. Ете, гордите ние ги сметаме за подобри: напредуваат оние што вршат беззаконие, па, иако Го искушуваат Господа, си остануваа незасегнати.
16. Но оние, кои се бојат од Бога, си велат еден на друг: Господ гледа и го пази тоа, и пред лицето Негово се пишува споменкинига за оние што се бојат од Бога и го почитуваат името Негово.
17. И тие ке бидат Мои, вели Господ Саваот, Моја сопственост во оној ден, што ке го приготвам, и ке го милувам како што татко го милува синот свој, кој му служи.
18. И тогаш повторно ке ја видите разликата ме у праведник и безбожник, ме у оној кој Му служи на Бога и оној кој не Му служи.

  Malachi (3/4)