Malachi (2/4)  

1. И така, за вас свештениците е ова заповед:
2. ако не послушате и не си ставите на срце, за да Му воздадете слава на името Мое, вели Господ Саваот, Јас ке испратам врз вас проклетство и ке ги проколнам вашите благослови, и веке проколнувам, бидејки вие не сакате ова да го примите на срце.
3. И, ете, јас ке ви го одземам трудот, и нечистотојата ке ви ја фрлам врз лицето ваше, нечистотиите од вашите празнични жртви, и ке ве исфрлам заедно со нив.
4. И тогаш ке познаете, дека Јас ја дадов таа заповед, за да го запазам заветот Мој со Левија, вели Господ Саваот.
5. Заветот Мој со него беше завет за живот и мир, и јас му го дадов за страв, и тој се боеше од мене и од името Мое се плашеше.
6. Законот на вистината беше на устата негова, и неправда не се најде на јазикот негов; во мир и правда тој одеше со Мене и многумина отстрани од грев.
7. Оти устата на свештенкот треба да разполага со знаење, и Законот го бараат од устата негова, бидејки тој е гласник на Господа Саваот.
8. А вие се отстранивте од овој пат, на многумина им послуживте како соблазан во Законот, го разрушивте заветот на Левија, вели Господ Саваот.
9. Затоа Јас ке ве направам презрени и понизени пред сиот народ, оти не ги запазивте патиштата Мои и во Законот гледате кој е кој.
10. Зар сите немаме еден и ист Отец? Нели Единиот Бог не создаде? Зошто тогаш вероломно постапуваме еден со друг, нарушувајки го на тој начин заветот на нашите татковци?
11. Вероломно постапува Јуда, и одвратност се врши во Израилот и во Ерусалим; Јуда ја оскверни светињата Господова, која требаше да ја сака, а освен тоа и се ожени со керка на ту бог.
12. Господ ке го истреби од шаторите на Јакова оној, кој прави така, кој е постојано на стража, кој одговара и принесува жртва на Господа Саваот.
13. А го правите и ова - го обливате со солзи жртвеникот Господов, плачејки и воздивнувајки, така што Он веке и не гледа на приносот и не ја прима жртвата за милост од рацете ваши.
14. Вие, пак, велите - зошто? Поради тоа што Господ беше сведок ме у тебе и жената од твојата младост, спрема која постапи вероломно, и ако ти е таа твоја помошничка и твоја законска жена.
15. Зар не го направи истото и еден друг, во кого имаше силен дух? А што направи тој? Тој сакаше да добие потомство од Бог. Па така, пазете го духот свој и никој да не ја изневерува жената од својата младост.
16. Ако, пак, ја напуштиш од омраза, вели Господ Бог Израилев, бесчестие ке си навлечеш на облеката свој, така вели Господ Саваот. Затоа пазете го духот свој да не постапувате вероломно.
17. Вие го разгневувате Господа со своите зборови, велејки: па со што го лутиме? Со тоа што велите - секој што прави зло, добар е пред очите на Господа и кон Него благоволи, а и каде е Бог, Кој право суди?

  Malachi (2/4)