Leviticus (9/27)  

1. А во осмиот ден ги повика Мојсеј Арона и синовите негови и старешините Израилеви,
2. па му рече на Арона: "Земи од говедата свои теле поради грев, и овен за сепаленица, без недостаток и принеси ги пред Господа."
3. И на старешините Израилеви им рече, велејки: земете козел поради грев од козите ваши, и по еден овен, теле и јагне, едногодишни, принос, без недостаток,
4. а и теле од говедата, и овен жртва за спасение пред Господа, и брашно пченично испржено со елеј, бидејки денес ке ви се јави Господ на вас."
5. Задоа се‘ како што им заповеда Мојсеј, и сето тоа го донесоа пред скинијата на сведоштвото; се собра целиот народ, па застана пред Господа.
6. Им рече Мојсеј: "Направете го она што го заповеда Господ, и во се‘ ке се покаже славата Господова."
7. Му рече Мојсеј на Арона: "Пристапи до жртвеникот и принеси жртва за гревот твој и твојата жртва сепаленица, помоли се за себе и за домот свој, и принеси жртва за народот и помоли се за нив, како што заповеда Господ."
8. Тогаш пристапи Арон до жртвеникот и закла теле поради својот грев,
9. и принесоа синовите Аронови крв до него, и тој го натопи прстот свој во крвта и стави од неа на роговите од жртвеникот, а остатокот од крвта го изли во подножјето на жртвенкот;
10. лојот и обата бубрега, и кошулката на селзината, ги постави врз жртвеникот поради својот грев, како што му беше заопведал Господ на Мојсеја;
11. месото, пак, го изгори надвор од логорот.
12. Потоа закла жртва сепаленица, и синовите Аронови му поднесоа од крвта нејзина, а тој ја изли на жртвеникот одозгора наоколу;
13. му ја донесоа и жрвата сепаленица во делови; сето тоа, и главата, ги изгори на жртвеникот,
14. а утробата и нозете ги изми со вода, и ги стави врз жртвеникот заедно со жртвата сепаленица.
15. Потоа тој принесе дар од народот; зеде козел поради гревот на народот, го закла, го очисти како и првиот
16. и го принесе како жртва сепаленица, и го изврши тоа според заповедите како што треба.
17. А принесе и жртва и ги наполни рацете со неа, и ја постави на жртвеникот, па врз утрената сепаленица ја изгоре и неа на жртвеникот.
18. А закла и теле и овен како жртва за спасение на народот, и синовите Аронови му принесоа од крвта нивна, и тој ја изли врз жртвеникот одозгора наоколу;
19. а лојот од телето и бедрата од овенот, и лојот што ја покрива утробата, и обата бубрега, и лојот од нив, како и мрежичката од слезината ги извади,
20. па го стави лојот врз градите, и го вознесе лојот на жртвеникот;
21. градите, пак, и десната плешка ги зеде Арон како учест пред Господа, како што му заповеда Господ на Мојсеја.
22. Потоа ги подигна Арон рацете кон народот и го благослови, па потоа слезе, откако принесе жртва поради гревот и жртва сепаленица, како и жртва за спасение.
23. А Мојсеј и Арон влегоа во скинијата на сведоштвото, па излегоа и го благословуваа целиот народ и им се јави славата Господава над сите лу е:
24. и се јави оган од Господа и изгоре над жртвеникот се‘ - и сепалениците, и лојот; а народот, кога го виде тоа, се уплаши многу и падна ничкум на земјата.

  Leviticus (9/27)