Leviticus (8/27)  

1. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
2. "Земи го Арона и синовите негови и одеждите, и елеј за помазание, и теле како жртва за грев, и два овна, и кошница пресни лебови,
3. па собери го целиот народ пред вратата од скинијата на сведоштвото."
4. И направи Мојсеј како што му заповеда Господ, и го собра народот пред вратата од скинијата на сведоштовто.
5. Потоа му рече Мојсеј на народот: "Еве што заповеда Господ да се направи - "
6. па го доведе Мојсеј Арона и синовите негови и ги изми со вода.
7. И му облече хитон, и го опаша со појас, го облече со горна одежда, па му стави згора на тоа ефод, и го опаша појасот од ефодот наокоу, и го стегна со него,
8. а на градите одозгора му стави наградник, и на наградникот постави и "урим" и "тумим".
9. Му стави уште на главата и кидар, а на капата спроти лицето му стави златна плочка, знак на светоста, како што му заповеда Господ на Мојсеја.
10. И зеде Мојсеј од елејот за помазание
11. и го попрска жртвеникот седумпати, и го помаза жртвеникот, и го освети, и сите работи на него, и умивалникот, и подножјето негови и ги освети; ја помаза и скинијата, и сите работи во неа и ја освети.
12. И изли од елејот за помазание врз главата Аронова, и го помаза и го освети;
13. потоа ги приведе Мојсеј и синовите Аронови, им облече хитони, ги опаша со појаси, им стави капи на главите, како што му беше заповедал Господ.
14. Го приведе Мојсеј телето како жртва за грев, а Арон и синовите негови ги возложија рацете свои врз главата на телето за грев.
15. Потоа Мојсеј го закла телето и зеде од крвта негова и со прстот свој стави од неа на роговите од жртвеникот наоколу, и го очисти жртвеникот, а другата крв ја изли во подножјето на жртвеникот, и го очисти за да се принесува молитва пред него.
16. Потоа го изведи сиот лој што беше на утробата, и кошулката од слезинката, како и двата бубрега, и лојот околу нив, и сето тоа го стави врз жртвеникот.
17. А телето, со кожата негова и месото негово и нечистотијата ги изгоре со оган надвор од логорот како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
18. Потоа Мојсеј го приведе првиот овен како жртва сепаленица, а Арон и синовите негови ги возложија рацете свои врз главата на овенот;
19. и Мојсеј го закла овенот, и изли од крвта негова на жртвеникот наоколу,
20. па го изече овенот на делови, и ги изгори Мојсеј главата и деловите и лојот; а утробата и нозете ги изми со вода
21. и така го вознесе Мојсеј целиот овен на жртвеникот: тоа е жртва сепаленица со пријатен мирис, принос пред Господа, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
22. Потоа го доведе Мојсеј вториот овен, овен за посветување; и Арон и синовите негови ги ставија рацете свои врз главата на овенот.
23. Па, откако го закла, зеде Мојсеј од крвта негова и го помаза со неа крајчето од десното уво на Арона и крајот на десната рака негова и крајот на десната нога негова.
24. Го доведе Мојсеј и синовите Аронови, па и ним им ги помаза краевите на десното уво, краевите на десната рака и краевите на десната нога; а другата крв ја изли кај жртвеникот наоколу.
25. Потоа го извади лојот, ги зеде бедрата и лојот што беше на утробата, а и кошулката од слезината, како и двата бубрега, па лојот околу нив, и десната плешка,
26. а од кошницата за посветување, која е пред Господа зеде еден бесквасен леб, и леб со елеј, како и една питка, па ги стави врз лојот и врз десната плешка.
27. И сето тоа му го предаде на Арона в раце и во рацете на синовите негови и го вознесе како жртва пред Господа.
28. Потоа го зеде тоа од рацете нивни Мојсеј и го изгори на жртвеникот заедно со жртвата сепаленица; тоа е жртва за посветување со пријатен мирис, принос пред Господа.
29. Па ги зеде Мојсеј градите и ги одвои од жртвата пред Господа, од овенот за посветување; тоа е Мојсеев дел, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
30. Потоа зеде Мојсеј од елејот за помазание и од крвта, што беше на жртвеникот, па го попрска Арона и одеждите негови, и синовите негови, и одеждите нивни, го освети Арона и одеждите негови и одеждите нивни.
31. И му рече Мојсеј на Арона и на синовите негови: "Сварете го ова месо пред дверите на скинијата на сведоштвото, на место свето, и јадете го таму со леб, кој што е во кошницата за посветување, како што ми се заповеда и рече - Арон и синовите негови нека го јадат тоа.
32. А она, што ке остане од месото и од лебот, изгорете го со оган.
33. И не излегувајте од дверите на скинијата на сведоштвото седум дена, додека не се завршат деновите на посветувањето ваше, зашто седум дена ке се посветуваат рацете ваши.
34. Како што се направи денес, така да се прави секогаш според Господовата заповед, за да се очистите од гревот.
35. Затоа пред дверите од скинијата на сведоштвото стојте дење и ноке седум дена и така запазате ги заповедите Господови, за да не умрете, зашто така ми заповеда Господ Бог."
36. А Арон и синовите негови направија се‘ онака, како што им беше заповедал Господ преку Мојсеја.

  Leviticus (8/27)