Leviticus (7/27)  

1. "Ова е законот за жртвите поради престап - тоа е најголаме светиња.
2. На она место, на кое се коле жртвата сепаленица, на тоа место нека се коле и овенот што се принесува како жртва за престап пред Господа; а крвта да се излие околу подножјето на жртвеникот.
3. А сиот лој негов да се принесе; и лојот што ја покрива утробата, и лојот што е во утробата,
4. и двата бубрега, и лојот што е на нив и на слабините, и кошулката на слезината нека ги извади заедно со бубрезите,
5. нека ги стави свештеникот врз жртвеникот - жртвата за благопријатен мирис пред Господа; тоа е жртва поради престап.
6. Секое машко од свештениците нека ја јаде; на свето место да се јаде; тоа е најголема светиња.
7. Жртвата за престап е како жртвата за грев, еден закон е и за двете; кој свештеник се моли за неа, негова нека биде.
8. А кога свештеникот принесува нечија жртва сепаленица, кожата од жртвата што ја принесува негова нека биде.
9. И секоја жртва печена во печка или на огниште пржена во тава, му припа а на оној свештенико што ја принесува.
10. А секја жртва приготвена со елеј или без елеј, им припа а на сите Аронови синови, подеднакво.
11. Тоа е закон на жртвите за спасение, што Му се принесуваат на Господа.
12. Кога некој ја принесува од благодарност, заедно со жртвата треба да принесе и бесквасни лебови, месени со елеј, и бесквасни питки намачкани со елеј, како и пченично брашно измешано со елеј, лебови месени со елеј.
13. Освен питки, да принесува жртва и леб месен со квас, како благодарствена жртва за спасение.
14. И од сето она што се принесува, нека принесува по едно како жртва што се вознесува пред Господа; тоа нека му припа а на оној свештеник што ја излива жртвата со крв за спасение.
15. А месото од жртвата за спасение нека биде негово и нека се изеде во оној ден кога се принесува; нека не се остава ништо до изутрината.
16. Ако се принесува жртва поради завет или од усрдност, таа нека се јаде во истиот ден, а ако остане нешто, нека се изеде другиот ден.
17. Ако нешто од местото на таа жртва остане третиот ден, тогаш нека се изгори со оган.
18. Ако некој на третиот ден јаде од месото на жртвата што ја принесол, таа нема да му биде примена, бидејки тоа е осквернение; и секој што ке јаде од неа ке згреши.
19. Ако тоа месо се допре до нешто нечисто, да не се јаде, туку да се изгори со оган; месото може да го јаде секој што е и чист.
20. А ако некој има на себеси нечистотија, па јаде месо од жртвата за спасение што е на Господа, тој треба да се истреби од народот свој.
21. И, ако, некој, откако се допре до нешто нечисто или до нечистотија човечка, или до нечист добиток, или до некоја нечиста гадинка, па јаде месо од жртва за спасение што е на Господа, тој да се истреби од народот свој!"
22. И пак му рече Господ на Мојсеја, велејки:
23. "Кажи им на синовите Израилеви, и речи им: не јадете лој ни од вол, ни од овца, нити коза.
24. Лојот од добиток што пцовисал или е од sвер растргнат може да се употребува за секоја работа; но тој лој да не се јаде.
25. Оној, што ке јаде лој од добиток, што се принесува како жртва пред Господа, нека се истреби од народот свој.
26. Никаква крв да не јадете во сите живеалишта свои, ни од кое и да било животно, ниту, пак, од птици.
27. А кој ке јаде каква и да било крв, ке се истреби од народот свој!"
28. Пак му рече Господ на Мојсеја, велејки:
29. "Кажи им на синовите Израилеви, и речи им: кој принесува жртва своја пред Господа за спасение, нека принесува пред Господа и дар свој за жртвата за спасение.
30. Со свои раце да принесува принос пред Господа; лојот со градите нека го принесува, и кошулката на црниот дроб и сето тоа ке го стави како дар пред Господа.
31. А свештеникот нека го постави лојот врз жртвеникот, додека, пак, градите да му припаднат на Арона и синовите негови.
32. А десната плешка од жртвата ваша за спасение, давајте му ја на свештеникот, за да му биде како дел.
33. На свештеникот, пак, од синовите Аронови, што принесува крв и лој од жртвата за спасение, нека биде негова десната плешка.
34. Зашто градите од жртвата за спасение и плешките што се вознесуваат, ги земам од синовите Израилеви од нивните жртви за ваше спасение и му ги давам на Арона свештеникот и на синовите негови како вечно озаконет дел од синовите Израилеви.
35. Тоа ке биде дел на помазаниот Арон и на помазаните синови негови од приносите пред Господа, од оној ден кога ке застанат пред Господа како жртвоприносители,
36. како што заповеда Господ да им се дава на синовите Израилеви од денот кога ги помаза. Тоа е вечен закон за поколенијата нивни.
37. Тоа е законот за жртвите сепаленици, за жртвите за грев, за жртвите за престап, за жртвите за успевање и жртвите за спасение,
38. како што му даде заповед Господ на Мојсеја во гората Синајска, во денот кога им заповеда Господ на синовите Израилеви во пустињата Синајска да Му принесуваат на Господа дар од плодовите свои."

  Leviticus (7/27)