Leviticus (6/27)  

1. Пак му рече Господ на Мојсеја, велејки:
2. "Ако некој згреши и направи престап против заповедите на Господа и го откаже на ближниот свој она, што му дал на чување, или од него украдено, или пак, го измами својот близок,
3. или нашол нешто загубено и тоа го одрече, или лажно се заколне за која и да било работа, што лу ето обично го прават и со тоа грешат,
4. па кога така згреши и направи престап, тој треба да го врати она што го украл, или сосила го присвоил, или повереното што му било дадено на чување, или што го нашол како загубено.
5. За секоја работа, за која се заколнал криво, нека го врати она истото, и на тоа нека му додаде уште петти дел на оној чие е; тоа да му го даде во оној ден кога ке биде обвинет за својот грев.
6. А за престапот свој нека Му принесе на Господа кај свештеникот овен од стадото свое, здрав, според процена на престапот;
7. а свештеникот нека Му се помоли за него на Господа, и ке му се прости секоја работа, со која згрешил или направил престап."
8. И пак му рече Господ на Мојсеја, велејки:
9. "Заповедај му на Арона и на синовите негови, и кажи им: ова е законот за жрви сепаленици - жртвата сепаленица нека гори врз жртвеникот цела нок до изутрина; и огнот нека гори на жртвеникот и да не се гасне.
10. Свештеникот нека ја облече ленената одежда, а и ленената долна облека нека ја облече на телото свое, па потоа нека ја собере пепелта од жртвата што огнот ја изгорел и нака ја стави покрај жртвеникот.
11. А откако ке ги соблече одеждите свои и облече други, нека ја изнесе пепелта надвор од логорот на чисто место.
12. А огнот што е на жртвеникот, нека гори на него, да не се гасне. Свештеникот нека клава врз огнот дрва секое утро, и нека ја поставува на него жртвата сепаленица, нека го гори на него лојот од жртвата за спасение.
13. Огнот да гори постојано на жртвеникот, нека не се гасне.
14. Тоа е законот за жртвите: што ке ги принесуваат синовите Аронови пред Господа при жртвеникот.
15. Свештеникот нека земе грст од жртвата и од пченичното брашно и од елејот и целото кадиво, што е врз жртвата, и нека го изгори, тоа на жртвеникот како спомен за благопријатен мирис пред Господа.
16. А она што ке преостане од неа, му припа а за јадење на Арона и на синовите негови; нека го јадат пресно, на свето место; во дворот од скинијата на сведоштвото нека го јадат.
17. Да не се пече со квас: тоа е дел што им го давам како дар од приносите Господови; тоа е најголемата светиња како жртвата за грев и жртвата за престап.
18. Секое машко ме у синовите Аронови нека го јаде. Тоа е вечен закон за потомството нивно од приносите на Господа; секој, што ке се допре до него, ке биде осветен."
19. И уште му рече Господ на Мојсеја, велејки:
20. "Тоа е дарот од Арона и синовите негови што ке Му го принесуваат на Господа во оној ден кога ке биде помазан: десетти дел од мерката ефа пченично брашно како постојана жртва, половина за наутро, а другата половина за навечер.
21. Жртвата треба да се приготвува во тава, со елеј; со елеј и во парчиња принесувај ја; принесувај ја како благопријатен мирис пред Господа.
22. А свештеникот ме у синовите негови, што ке биде помазан по него, нека го прави тоа; тоа е вечен закон што ке се извршува.
23. И секоја свештеничка жртва треба целата да се гори, и да не се јаде."
24. И пак му рече Господ на Мојсеја, велејки:
25. "Кажи му на Арона и на синовите негови, и речи им: тоа е закон за жртвата поради грев - на местото каде што се коле жртвата сепаленица, на тоа место нека се коле и жртвата за грев пред Господа, бидејки тоа е најголемата светиња.
26. Свештеникот што ке ја принесува, нека јаде; на свето масто нека ја јаде, во дворот од скинијата на сведоштвото.
27. Се‘ што ке се допре до местото нејзино ке се освети; а ако некој ја испрска облеката своја со крвта нејзина, оној дел што ке биде испрскан нека го испере на свето место.
28. И садот земјен, во кој се варела, нека се скрши; ако е, пак, готвена во бакарен сад, нека се истрие со вода нека се измие.
29. Секое машко ме у свештениците нека го јаде тоа; тоа е најголема светиња пред Господа.
30. А секоја жртва за грев, од која се внесува крв во скинијата на сведоштвото, за да се изврши очистување во светилиштето, да не се јаде; тоа треба да се изгори."

  Leviticus (6/27)