Leviticus (4/27)  

1. И уште му рече Господ на Мојсеја, велејки:
2. "Кажи им на синовите Израилеви: ако некој згреши пред Господа не сакајки, против која и да било заповед Господова изврши нешто, што не треба да прави, -
3. ако помазаниот првосвештеник згрешил и го обвинил народот, тоа за гревот свој, што го направил, нека Му принесе на Господа за гревот, дар од Говедата свои теле без недостаток,
4. па откако ке го доведе телето пред влезот од скинијата на сведоштвото пред Господа, нека ја положи раката своја врз главата на телето и да го заколе телето пред Господа.
5. А совршено помазаниот свештеник нека ја собере крвта од телето со рацете, и нека ја внесе во скинијата на сведоштовото.
6. И свештеникот нека го накваси прстот свој во крвта, и со крвта седумпати нека попрска пред Господа спрема завесата на светилиштето.
7. А потоа свештеникот со таа крв нека ги помаже роговите на жртвеникот, на кој се кади со благопријатен мирис пред Господа, Кој е во скинијата на сведоштвото, а остатокот од крвта на телето нека го излие во подножјето на жртвеникот за жртви сепаленици, кој е при влезот во скинијата на сведоштвото.
8. И нека го извади сиот лој од телето за грев, лојот што ја покрива утробата и сиот лој што е на утробата;
9. и обата бубрега, и лојот што е на нив и на слабините, и кошулката на слезината со бубрезите нека ги извади.
10. онака како што се вади тоа од теле на жртва за спасение; и нека ги изгори свештеникот на жртвеникот за приноси.
11. А кожата од телето со сето месо со главата и со крајниците и утробата и нечистотијата,
12. односно целото теле нека го изнесат надвор од логорот на чисто место, каде што се истура пепелта, и нека го изгорат со оган на дрва; на местото, каде што се истура пепелта, нека се изгори.
13. А ако целиот собир на синовите Израилеви згреши, на сакајки, а тоа се сокрие од собирот, па направат нешто што Господ забранил да се прави, ке згрешат;
14. кога ке се узнае гревот нивни, во што згрешиле, тогаш собирот нека принесе здраво теле како жртва за гревот, и нека го доведе пред скинијата на сведоштвото.
15. А старешините на собирот нека положат раце врз главата на телето пред Господа, и да го заколат телето пред Господа.
16. А помазаниот свештеник нека внесе крв од телето во скинијата на сведоштвото.
17. Потоа нека го натопи свештеникот прстот свој во крвта, и седумпати нека попрска пред светилиштето на Господа,
18. а од таа крв нека стави и на роговите од жртвеникот за кадење што е пред Господа во скинијата на сведоштвото, додека сета друга крв нека ја излие во подножјето на жртвеникот за приноси, кој е при влазот од скинијата на сведоштвото.
19. Сиот, пак, лој, откако ке го извади од него, нека го изгори на жртвеникот.
20. И со тоа теле да направи онака како што прави со телето за грев - така нека направи со него; и потоа нека се помоли свештеникот за нив, и гревот ке им се прости.
21. А телето цело нека го изнесат од таборот, и нека го изгорат како и првото теле; тоа е жртва за гревот на целиот собир.
22. Ако згреши началникот и направи, не сакајки нешто што неговиот Господ Бог забранил да се прави, грешен е оти направил престап.
23. Кога ке узнае во себеси за гревот свој што го направил, тогаш нека принесе дар свој заради гревот козел, од машки род, без недостаток.
24. И нека ја стави раката своја врз главата на козелот и нека го заколе на она место, каде што се колат жртвите сепаленици пред Господа; тоа е жртва за грев.
25. И нека земе свештеникот крв од жртвата за грев и со прстот свој нека ги намачка роговите на жртвеникот за сепаленици; а сета друга крв негова нека ја излие во подножјето на жртвеникот за сепаленици.
26. А сиот лој нека го изгори на жртвеникот како лој од жртвата за сепаленици; и да се помоли свештеникот за гревот негов, и ке му се прости.
27. И ако некој од народот згреши, на сакајки направи нешто што Господ забранил да се прави, виновен е.
28. Кога ке узнае, пак, за гревот свој што го направил, тогаш нека принесе дар свој - коза од козите свои, без недостаток, поради гревот што го направил;
29. и нека ја стави раката своја врз главата од жртвата за грев, и нека се заколе козата поради гревот на местото, каде што се колат жртвите сепаленици.
30. Потоа нека земе свештеникот крв од неа на прстот свој и нека ги помаже роговите на жртвеникот за сепаленици: а сета друга крв нека ја излие во подножјето на жртвеникот.
31. И сиот лој од неа нека го извади како што се вади лојот од жрвата за спасение, и нека го изгори свештеникот на жртвеникот за пријатен мирис пред Господа; и да се помоли свештеникот за него, па ке му биде простено.
32. Ако принесува дар овца поради гревот, нека донесе здрава и без недостаток.
33. И нека ја стави раката своја врз главата од жртвата за грев, па нека се заколе поради гревот на она место, каде што се колат жртвите сепаленици.
34. И свештеникот нека земе крв од жртвата за грев и со прстот свој со неа нека ги намачка роговите на жртвеникот, на кој се гори жртвата; а сета друга крв нека ја излие во подножјето на жртвеникот за сепаленици.
35. И сиот лој нека го извади, како што се вади лојот од овца на жртва за спасение; и нека го изгори свештеникот врз жртвеникот како жртва сепаленица Господова; па нека се помоли свештеникот за гревот негов, што го направил, и ке му се прости."

  Leviticus (4/27)