Leviticus (26/27)  

1. Не правете ракотворни образи, ни делкани; и не издигајте столб и не поставувајте во земјата камења со знаци, за да им се клањате, зашто Јас сум Господ, вашиот Бог.
2. Пазете ги Моите саботи и бојет се од Моите светињи, Јас сум Господ.
3. Ако постапувате според Моите повелби и ги запазувате Моите наредби, и ги исполнувате,
4. ке ви дадам дожд во своте време, и земјата ке го даде родот свој, и дрвјата полски ке го дадат својот плод,
5. и вршидбата ке трае кај вас до гроздоберот, гроздоберот ке трае до сеидбата, и ке го јадете својот леб до наситка и ке се настаните на земјата ваша со сигурност, и војна нема да мине по целата ваша земја.
6. Kе и‘ дадам мир на земјата ваша, ке спиете и никој нема да ве обеспокојува, ке ги истребам лутите sверови од земјата ваша;
7. војна нема да мине преку вашата земја. Па ке ги гоните непријателите ваши, и тие од меч ке паднат убиени пред вас;
8. петмина од вас ке прогонуваат сто души, и стотина од вас ке прогонуваат иљадници, и непријателите ваши ке паднат од меч пред вас.
9. Kе погледам на вас и ке ве благословам, ке ве расплодам плодни, ке ве умножам и ке го поставам заветот Мој со вас.
10. И ке јадете од старото и од постарото и старото ке го исфрлите поради новото.
11. Kе ја поставам скинијата Моја ме у вас, и душата Моја нема да се гнаси и одврака од вас.
12. Kе се движам ме у вас и ке бидам ваш Бог, а вие ке бидете Мој народ.
13. Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве изведе од Египетската земја, каде што бевте таму робови, и ги скршив врските на јаремот ваш и ве изведов охрабрени.
14. Ако, пак, не Ме слушате и не ги исполнувате овие Мои повелби,
15. и не им се покорувате, и ако душата ваша вознегодува од Моите закони, и со тоа што нема да ги испонувате сите Мои заповеди, за да го нарушите заветот Мој, -
16. тогаш и Јас ке постапам со вас вака - ке ви пратам скудност, красти и жолтица, од кои ке ослабат очите ваши и ке се измачува душата ваша, па ке сеете семе залудо, зашто непријателите ваши ке го јадат.
17. Kе го свртам лицето Мое против вас и ке паднете пред непријателите ваши; над вас ке владеат непријателите ваши, и ке бегате дури и кога никој не ве гони.
18. Ако и покрај сето ова не Ме послушате, седумпати ке ја зголемам казната за гревовите ваши;
19. ке ја скршам вашата тврдоглавост, ке го направам небото ваше како железо, и земјата ваша како бакар;
20. па залудо ке се истоштува силата ваша, и земјата ваша нема да го дава својот плод, и дрвјата на земјата ваша нема да ра аат плодови свои.
21. Ако, пак, и потоа тргнете настрана и не ке сакате да Ме слушате, ке ви нанесам седумкратни удари поради гревовите ваши;
22. ке испратам против вас лути земни sверови, кои ке ве изедат, ке го уништат добитокот ваш и ке ве намалат, така што ке се запустат патиштата ваши.
23. Ако и потоа не се поправите и трнете против Мене,
24. тогаш и Јас ке тргнам против вас со јарост и ке ве поразам седумкратно за гревовите ваши.
25. И ке испратам против вас одмаздувачки меч за одмазда поради заветот; ако, пак, избегате по градовите ваши, ке испратам на вас помор и ке бидете предадени во рацете на непријателот.
26. Kе оскудевате за леб; десет жени ке го печат лебот ваш во една печка и ке ви даваат леб со мерка; ке јадете и нема да се наситите.
27. Ако и покрај сево ова не Ме послушате и тргнете против Мене,
28. и Јас ке тргнам против вас со гнев и седумкратно ке ве казнам според гревовите ваши,
29. и ке ги јадете телата на синовите свои, и телата на керките ваши ке ги јадете.
30. Kе ги разрушам жртвениците ваши, ке ги разрушам ракотворните столбови ваши и ке ги фрлам труповите ваши врз урнатините од идолите ваши, и душата Моја ке се одврати од вас.
31. Градовите ваши ке ги претворам во пустињи и ке ги опустошам светињите ваши, и нема да примам благопријатен мирис од жртвите ваши.
32. Kе ја запустам земјата ваша, така што ке се чудат над неа непријателите ваши, што ке живеат во неа;
33. вас, пак, ке ве растурам ме у народите и ке ве истреби мечот што ке дојде; земјата ваша ке биде пуста, и градовите ваши - разрушени.
34. Тогаш земјата ке се вознагради за своите саботи преку сите денови, додека биде пуста; а вие ке бидете во земјата на непријателите ваши; земјата ке си почива и ке се вогнагради за своите саботи;
35. таа ке почива за сето време додека ке биде пуста, што не почиваше за сите саботи ваши кога живеевте во неа.
36. А на оние од вас што ке останат, ке им всадам страв во срцата во земјата на непријателите нивни, па и шумот од развеан лист ке ги прогонува; ке бегаат како од меч, и ке па аат кога и никој не ги гони.
37. И брат брата ке презира и кога никој нема да ве напа а; не ке имате сила да им се противставувате на непријателите ваши;
38. ке загинете ме у народите, и ке ве проголта земјата на непријателите ваши;
39. а другите од вас ке истлеат поради беззаконијата свои во земјите на непријателите ваши и поради беззаконијата на татковиците ваши ке исчезнат.
40. Тогаш ке ги исповедаат беззаконијата свои и беззаконијата на татковците свои, заради тоа што Ме презреа, престапија и станаа против Мене;
41. поради кое и Јас ке станам со јарост против нив и ке ги погубам во земјата на непријателите нивни; тогаш ке се засрами нивното необрезано срце, и тогаш ке се сетат за гревовите свои.
42. И Јас ке си спомнам за заветот Мој со Јакова, и на заветот Мој со Исака, и на заветот Мој се Авраама,
43. и на земјата ке се сетам и земјата ке биде напуштена од нив и земјата ке се вознагради за своите саботи, откако ке биде испразнета од нив, и тие ке ја добијата својата казна за беззаконијата свои, затоа што ги презреа законите Мои и душата нивна вознегодува поради наредбите Мои.
44. Но кога тие ке бидат во земјата на непријателите свои, - Јас нема да ги презрам, и нема да се налутам на нив толку, за да ги истребам и да го раскинам Мојот завет со нив, зашто Јас сум Господ, Бог нивни.
45. Kе се сетам на заветот прв, кога ги изведов од Египетската замја од домот на ропството пред очите на народите, за да им бидам Бог. Јас сум Господ."
46. Тоа се наредбите, заповедите и законот кои Господ им ги даде на синовите Израилеви преку Мојсеја на планината Синај.

  Leviticus (26/27)